- 19.09.2024
ПРЕПОРАКИ ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ КАЈ СТАРИ ЛИЦА
Кај старите лица, физичката активност резултира со следните позитивни здравствени придобивки: намалено ниво на масти, намален ризик од појава на висок крвен притисок и дијабетес тип-2, намалување на стапката на специфични видови на карциноми, подобрена ментална благосостојба, (намалени симптоми на вознемиреност и депресија); подобрено когнитивно здравје и спиење. Кај старите лица, физичката активност помага во спречување на повреди и падови поврзани со паѓање и подобрување на здравјето на коските и функционалната способност
ПРЕПОРАКИ ЗА ДОБРА ПРАКСА
- Подобро е да се занимавате со некоја физичка активност отколку да не практикувате никаков вид на физичка активност.
- Старите лица треба да започнат со помал степен на физичка активност и постепено да ја зголемуваат фреквенцијата, интензитетот и времетраењето со текот на времето.
- Старите лица треба да бидат физички активни колку што им дозволуваат нивните функционални способности и да го приспособат нивото на напор за физичка активност во однос на нивното ниво на кондиција