- 24.09.2024
ЗБИРНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ПО ВОЗРАСНИ КАТЕГОРИИ
Физичката активност се дефинира како секое телесно движење, направено од скелетните мускули, кое бара трошење на енергија и може да се врши со различен интензитет. Таквите движења може да се прават како дел од работните обврски, домашните задолженија, транспортот или за време на слободното време, кога се практикува физичка активност во форма во вежбање, возење велосипед и други индивидуални или колективни спортски активности. Како движење со низок опсег на интензитет, седечката активност е дефинирана како секоја активност во седечка или лежечка положба со мала потрошувачка на енергија. Секоја форма на физичка активност се брои и каква било активност е подобра од никаква активност!
Изберете активен живот за подобро здравје!
Движењето е здравје!
Ајде да бидеме АКТИВНИ сите, секаде и секој ден!