• 02.10.2024

КАМПАЊА „РЕДЕФИНИРАЈ ГО АЛКОХОЛОТ“


 СЗО ја повикува Европа да ја преиспита улогата на алкохолот во општеството!

Алкохолот е причина за речиси 1 од 10 смртни случаи во Европа. Новата кампања на СЗО/Европа има за цел да го промени тоа.

Алкохолот е поврзан со над 200 болести, меѓу кои најмалку седум видови на рак, вклучувајќи рак на дојка и дебелото црево. Алкохолот во моментов е директно одговорен за 8,8% - речиси 1 од 10 - од вкупните смртни случаи во Европа. Сепак, и покрај овие сериозни здравствени ризици и штетни исходи, само помалку од половина од Европејците се свесни за врската помеѓу алкохолот и ракот.

Додека едновремено светот го одбележува месецот за подигање на свеста за ракот на дојката, вреди да се напомене дека според една неодамнешна студија, само 21% од жените во 14 европски земји биле свесни за поврзаноста помеѓу консумирањето алкохол и ризикот од развој на рак на дојка – ризик кој започнува веќе со ниско ниво на пиење.

Премостување на јазот во знаењата и свеста

Регионалната канцеларија на СЗО за Европа започнува нова регионална кампања за да го премости овој информативен јаз преку споделување на наодите од најновите истражувања за штетното влијание на алкохолот врз здравјето и преку поттикнување отворени дискусии за често занемаруваните последици.

Кампањата „Редефинирај го алкохолот“ ги повикува Европејците да размислуваат за нивниот личен и општествен однос со алкохолот, повикувајќи на преиспитување на улогата на алкохолот во секојдневниот живот, прославите и традициите. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за здравствените ризици и скриените опасности поврзани со консумирањето алкохол и да инспирира поздрав избор.

„Покрај неговите физички ефекти, алкохолот придонесува и за пошироки општествени проблеми“, објаснува д-р Гауден Галеа, стратешки советник на регионалниот директор на СЗО/Европа во Специјалната иницијатива за незаразни болести и иновации. „Потрошувачката на алкохол клучно придонесува кон насилството, вклучително и кон сексуалното и родовото насилство, потоа кон сообраќајните повреди на патиштата и улиците, како и кон други форми на штета што ги погодува не само оние кои пијат, туку и нивните семејства и пошироки заедници.“

„На крајот на краиштата, луѓето мора да бидат оспособени да направат информиран избор на сопственото однесување за сопственото здравје. Затоа кампањата „Редефинирај го алкохолот“ споделува информации засновани на докази и ги охрабрува поединците да ги преиспитаат своите навики и однос кон алкохолот. Исто така, кампањата ги повикува креаторите на политики и здравствените власти да помогнат во постигнувањето поширока културна промена на начинот на кој алкохолот се гледа и регулира во општеството“.

Луѓето со сопствени животни искуства ги споделуваат своите приказни

СЗО/Европа ќе споделува моќни приказни во текот на месец октомври, прикажувајќи ги сознанијата од европските креатори на промени кои ги трансформирале своите животи со редефинирање на нивниот однос кон алкохолот, сфаќајќи дека тој повеќе нема место во нивните животи.

Овие приказни ги истакнуваат многуте придобивки од намалувањето на употребата или од откажувањето од алкохол, вклучително и подоброто физичко и ментално здравје поврзано со подобар сон, концентрација, енергија, подлабоки врски со другите луѓе и поголемо уважување на животот во целина.

„Индивидуалните избори се важни, но не се доволни“, рече д-р Галеа. „Во нашиот регион, алкохолот е премногу евтин, премногу достапен и премногу се промовира. Мора да создадеме средини каде поздравите одлуки се полесни за секого. Производ кој предизвикува треба построго да се регулира, особено ако предизвикува онолку штета колку алкохолот.

Преку соработка со креаторите на политики, заедниците и здравствените работници, кампањата „Редефинирај го алкохолот“ промовира средина што им олеснува на луѓето да ја намалат потрошувачката на алкохол, придонесувајќи за побезбедна и поздрава Европа.

Комуникациската кампања е дел од проектот на СЗО и ЕУ WHO/EU Evidence into Action Alcohol Project (EVID-ACTION)), започнат во 2022 година. 30 земји во Европа, и придонесува за целите на планот EU Beating Cancer