• 14.10.2024

Координативен состанок со Државен завод за статистика


Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р сци. Марија Андоновска одржа координативен состанок со директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков.

На состанокот се разговараше за унапредување и интензивирање на соработката помеѓу двете институции во рамките на Националниот статистички систем, како и примената на европските здравствени статистики.

Особено се нагласи спроведувањето на периодично истражување-Европската анкета за здравствената состојба, кое обезбедува клучни индикатори за здравствениот статус, заштита и детерминанти, како и други податоци за социоекономските карактеристики на населението.