- 08.11.2024
Центар за советување за откажување од пушење
Ако сакате да го оставите пушењето, ние сме тука да Ви помогнеме!
Институтот за Јавно Здравје започнува телефонска линија за советување, со цел да Ве поддржи во Вашиот процес на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе Ви понудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето.
Линијата ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11:00 до 13:00 часот.
Јавете се на: 078 285 873
Не чекајте, започнете го патот кон подобро здравје денес!