- 06.12.2024
Дебата за пушењето како јавно-здравствен предизвик
На 5-ти декември 2024 година, директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, присуствуваше и активно учествуваше на дебатата на тема „Пушењето како јавно-здравствен предизвик: Како да ги заштитиме сегашните и идните генерации од штетните ефекти од пушењето?“ која се одржа во Хотел Мериот.
Д-р Андоновска се приклучи на претставниците од меѓународните организации, агенциите на ООН, амбасадорите, пратениците и здравствените професионалци во дискусијата за стратегии за надминување на предизвиците со пушењето. Настанот се фокусираше на усогласување на националните регулативи со меѓународните стандарди, борба против дезинформациите и јакнење на довербата во јавните институции преку транспарентни процеси.
Оваа иницијатива, поддржана од Европската Унија, има за цел да развие ефикасни политики и да го зајакне здравствениот систем за подобра заштита на нашите граѓани. Заедно, се стремиме кон поздраво и побезбедно утре за сите.