- 17.12.2024
Учество на конференција „Економски политики за подобро здравје и подобра иднина“
На покана на НВО Аналитика Скопје, а во соработка со УНИЦЕФ и СЗО, Директорката на Институтот за јавно здравје, науч.сор. д-р Марија Андоновска, присуствуваше на конференцијата „Економски политики за подобро здравје и подобра иднина“, која се одржа на 16 декември 2024 година, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, од 11:00 до 13:00 часот.
Учеството на Институтот за јавно здравје на оваа конференција придонесе за зајакнување на дијалогот меѓу јавните здравствени експерти и креаторите на политики за подобро здравје и благосостојба на граѓаните.
Притоа, се споделија резултати и презентации од истражувањата, вклучувајќи ги „Ефектот на истиснување на потрошувачката на тутун врз буџетот на домаќинствата во Северна Македонија“ и „Влијанието на цените на цигарите и политиките за контрола на тутунот врз иницијацијата со пушење кај младите“.
Настанот е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход” поддржан од Универзитетот „Џон Хопкинс“ од САД (JHU) и Bloomberg Philanthropies.