• 28.01.2025

ТРЕНИНГ ЗА СЕКВЕНЦИОНИРАЊЕ И БИОИНФОРМАТИЧКА АНАЛИЗА ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ


ИЈЗ како референтна установа во државата, секогаш непрекинато извршува здравствена, научно-истражувачка и едукативна дејност, како и давање услуги од највисок квалитет.

Одделението за вирусологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) со поддршка од Светската Здравствена Организација (СЗО Европа) и Платформата за проценка на нови варијанти (New Variant Assessment Platform - NVAP) на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UK Health Security Agency UKHSA) во периодот 2022/2023 година се разви како субрегионален тренинг центар за секвенционирање.

Во периодот од 27-29 јануари 2025г. се спроведува тренинг за секвенционирање и биоинформатичка анализа на 6 лабораториски експерти од три држави и тоа: од  Институтот за јавно здравје "Др Милан Јовановиќ Батут", Белград,  и Универзитетски Клинички центар на Србија, Националната Агенција за јавно здравје на Молдавија, Институтот за јавно здравје во Подгорица и Клиничкиот центар во Подгорица , Црна Гора, како дел од соработката меѓу  СЗО и ИЈЗ , Скопје.

Тренингот  го спроведува тимот вклучен во секвенционирање под раководство на проф. д-р Голубинка Бошевска, раководител на одделот за микробиологија.