- 27.02.2025
ПОВОЛНОСТИ ВО ПРОЦЕСОТ НА РАЗМЕНА НА ДОЗИМЕТРИ
Процесот за вклучување на лице под индивидуален мониторинг започнува со поднесено барање од страна на корисникот. Размена на дозиметри подразбира кога лице од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) при доставата на дозиметар за следниот период на користење, но и истовремено ќе биде земен назад дозиметарот што веќе бил користен.
Во детали, постапката изгледа вака:
1. Доставување на дозиметар за следен период на користење: Лице од ИЈЗ ќе дојде и ќе Ви достави нов дозиметар за следниот период на мониторинг.
2. Земање на користен дозиметар: Во истата посета, истото лице ќе го земе назад дозиметарот кој веќе е користен во претходниот период.
Оваа постапка се спроведува за да се одржи континуитет на мониторингот на изложеност на јонизирачко зрачење, како и за да се обезбеди точност и ефикасност на следењето на персоналниот дозен еквивалент за лица кои што се професионално изложени на јонизирачко зрачење и олеснување во процесот на размена на дозиметрите.
Цената за ангажираност на дозиметрите е согласно актуелниот ценовник на ИЈЗ, додека услугите за достава се на товар на ИЈЗ.