- 11.06.2025
Тренинг, симулации и обука за намалување на ризик од ХБРН (хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани)
Институтот за јавно здравје се грижи за унапредување на сопствениот кадар и негово оспособување со одредени вештини и знаења кои во иднина би биле од корист за институцијата, државата и граѓаните.
Во таа насока се одржа тренинг за планирање, подготовка, спроведување и евалуација на симулациска вежба поврзана со ХБРН е во тек во ИСЕМИ/УНИЗА – Центарот за обука за ХБРН во Жилина, Словачка. Целта на оваа обука е зајакнување на капацитетите за ХБРН на мултиагенциските служби од земјите партнери, за да можат ефикасно да планираат, подготвуваат, спроведуваат и евалуираат симулациски вежби и да бидат подготвени да одговорат на ризиците поврзани со хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани.
На обуката учествуваат претставници од повеќе институции од партнерските земји, меѓу кои и раководителот на одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје, асс. д-р Драган Кочински, кој активно придонесува во дискусиите и размената на искуства поврзани со биолошките ризици и јавноздравствените одговори во случаи на ХБРН инциденти.