- 19.06.2025
Одржана средба во Институтот за јавно здравје со претставник на МОТ
Денес, на 19 јуни 2025 година, во Институтот за јавно здравје се одржа работна средба со г. Жолт Дудаш, специјалист на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за безбедност и здравје при работа и трудова инспекција.
Средбата се одржа во рамките на проектот „Безбедна и здрава работна средина во Македонија“, финансиран од Европската Унија, кој започна на 1 мај 2025 година и ќе трае 42 месеци. Главната цел на проектот е унапредување на законодавството и практиките за безбедност и здравје при работа, во насока на заштита на сите работници.
На средбата се разговараше за улогата на Институтот во спроведување на мерки за унапредување на здравјето на работниците, тековните предизвици и можностите за унапредување на меѓусекторската соработка.
