- 26.06.2025
ЈАВНОЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЦАТА НАД 65 ГОДИНИ ВО УСЛОВИ НА ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ
Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината.
Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“.
Зошто?
Бидејќи потешко се прилагодуваат на температурните промени, имаат поголема веројатност да имаат хронична здравствена состојба, да користат редовна терапија која може или ги менува нормалните реакции на телото на топлина.
Што треба да направат старите лица?
Почитувајте ги мерките дадени за општата популација и обрнете поголемо внимание на долунаведенитепрепораки.
1. Избегнувајте на изложување на сонце (вклучително и работа на отворено) во период 11 – 17 ч.
2. Носете лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце.
3. Пијте повеќе од вообичаено и не чекајте додека не почувствувате жед за да пиете вода. Избегнувајте алкохолни пијалаци, пијалаци кои содржат кофеин и екстремно ладни пијалаци. Доколку пак, вашиот лекар има поставено некои ограничувања за внесот на течности, консултирајте се со вашиот лекар.
4. Избгенувајте користење на шпорет, рерна и слични уреди во период од 11 до 17 ч.
5. Хроничните болни, посебно оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба, задолжително консултирајте го избраниот (матичниот) лекар.
6. Информирајте го вашето семејство, пријателите и соседите за препораките и мерките за заштита од топлото време.