• 24.07.2025

Вектор-преносливи болести


Вектор преносливите заболувања најчесто се преклопуваат со зоонозите, стануваат се поактуелни и ја менуваат сликата на оптоварувањето со заразни болести. Климатските промени во голема мера влијаат на дистрибуцијата и активноста на векторите. Многу од овие болести се веќе присутни во Македонија (лајмската болест, WNV, хеморагични трески, туларемија и др.), а други како маларија, денга, чикунгуња и многу други потенцијално може да се внесат во државата. Некои од нив се регистрираат во ендемска форма, но не ретко се појавуваат и во епидемиска форма.

Мултисекторскиот пристап во справувањето со овие болести ја нагласува потребата за практицирање на One Health пристапот за сеопфатност во спроведување на активностите.

Важно е да знаете како да се заштитите!

Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институт за Јавно Здравје ја следи состојбата и редовно информира и едуцира.

Одделението за вирусологија располага со соодветни реагенси за дијагностика на овие заболувања.