• 28.11.2025

1-ви декември, Светски ден за борба против СИДА


ХИВ останува главен глобален јавно-здравствен проблем, досега се регистрирани околу 44,1 милиони смртни случаи. Трансмисијата на вирусот се регистрира во сите земји на глобално ниво.

Се проценува дека на крајот на 2024 година живееле 40,8 милиони луѓе со ХИВ.

Мотото на овогодинешниот ден е „Надминување на нарушувањата, трансформирање на одговорот кон СИДА“, повикувајќи на континуирано политичко водство, меѓународна соработка и пристапи засновани на човекови права за ставање крај на СИДА до 2030 година.

Извештајот на следниов линк:
Извештај по повод 1-ви декември, Светски ден за борба против СИДА.pdf