- 18.12.2025
Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето
Денес, на 18 декември 2025 година, во Собранието на Република Македонија се одржа јавна расправа на тема „Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето“, во организација на Комисијата за здравство.
Институтот за јавно здравје имаше свои претставници кои активно учествуваа и се обратија пред пратениците, претставниците на институциите и здруженијата.
Во обраќањето ги презентиравме резултатите од Глобалното истражување за употреба на тутун кај младите (GYTS 2024), спроведено со поддршка на Светската здравствена организација, кои укажуваат на загрижувачки раст на употребата на новите тутунски и никотински производи кај младите, како и на зголемена изложеност на пасивен чад.
Истакнавме дека е потребно итно и решително дејствување за да ги заштитиме децата и младите од влијанијата на тутунската индустрија.
Препорачавме усвојување на сеопфатна регулатива за сите тутунски и никотински производи, зголемување на акцизите, задолжителна едукација во училиштата, континуирани медиумски кампањи и строго спроведување на законите за средини без чад.
Заштитата на здравјето на младите генерации е инвестиција во иднината на нашата држава.



.jpg)