- 18.12.2025
ESPAD 2024
Денес, во Институтот за јавно здравје, беа презентирани резултатите од ESPAD 2024 – европски проект што се спроведува во училиштата за истражување на употребата на алкохол и други дроги кај младите, чиј носител е Институтот за јавно здравје.
Институтот за јавно здравје и Министерството за образование и наука континуирано соработуваат и имаат клучна улога во креирањето на идните превентивни мерки, стратегии и политики засновани на релевантни податоци.
Настанот го предводеше директорката на ИЈЗ, д-р Марија Андоновска, а на презентацијата присуствуваше и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)