• 10.02.2026

Работна средба на ИЈЗ со претставници на SECID


На 09.02.2026 година, во Институтот за јавно здравје на Република С. Македонија се одржа работна средба со претставници на Регионалниот центар за надзор и контрола на заразни болести за Југоисточна Европа (SECID), со седиште во Тирана, Албанија.

Делегацијата на SECID беше предводена од проф. д-р Силвиа Бино, раководител на Одделот за контрола на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Албанија и г-ѓа Ледиа Аголи, извршен директор на SECID.

На средбата присуствуваше директорката на Институтот за јавно здравје на Република С. Македонија, науч. сор. д-р Марија Андоновска и претставници од Одделот за епидемиологија на заразните заболувања.

Целта на средбата беше унапредување и продолжување на повеќегодишната соработка меѓу двете институции, особено во областа на надзор, превенција и контрола на заразни болести, јакнење на институционалните капацитети, како и развој и имплементација на заеднички активности и регионални иницијативи во рамките на надлежностите и мандатот на SECID.

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за натамошно унапредување на соработката и координирано делување во насока на зајакнување на јавно-здравствениот систем и поефикасно справување со регионалните и прекуграничните здравствени закани.