• 17.08.2026

Известување


Тековни дневни активности кои "ЈП Комуналец Гостивар" е потребно да ги спроведување во континуитет во рамките на нивните надлежности и работни обврски.

1.   
Препораки за ЈП Комуналец Гостивар:

·         Континуирано следење на количината на хлор од извориштето до крајните потрошувачи

·   Поставување автоматизиран систем за континуирано мерење, следење и графичко регистрирање на параметрите релевантни за процесот на дезинфекција, вклучително и дозирањето на хлор согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Правилник во понатамошниот текст).

·    Систематско и континуирано мерење на резидуалниот хлор во поголем број точки во водоводната (дистрибутивната) мрежа, во различни периоди од денот и при различна потрошувачка на вода, и за активноста да се водат записи. Каде што е технички изводливо, да се овозможи систем за алармирање при отстапување од дефинираните оперативни вредности.

·       По укинување на кризната состојба на територијата на општина Гостивар, да се обезбеди резидуален слободен хлор во дистрибутивната мрежа во концентрации соодветни за одржување на микробиолошката безбедност на водата, при што целната оперативна вредност да биде во ранг од 0,2–0,5 mg/L, согласно условите на системот и важечките прописи.

·       Да се изврши хидраулична и оперативна анализа на дистрибутивната мрежа со цел да се идентификуваат причините за варијациите на резидуалниот слободен хлор, особено во однос на задржувањето на водата, мртвите краци, зоните со намалена потрошувачка, промените во протокот, потенцијална можност за мешање на води од различни делови на системот и други услови кои можат да влијаат врз времето на задржување и потрошувачката на хлор.

·         Да се ревидира постојната Програма за мониторинг заснована на проценка на ризикот која е законска обврска и која ќе ги опфати сите критични контролни точки и мерки за управување со ризик во целиот водоснабдителен систем (од План за постапување при инцидент или отстапување, План за испирање и одржување на мрежата, особено за крајни и слабо проточни делови, регистар на критични точки и ризици во системот, од извориштето, хлоринаторската станица, резервоарите и пумпните станици до крајните потрошувачии сл).

·     Планот за периодично испирање на дистрибутивната мрежа да ги стави во фокусот особено крајните, периферните и слабо проточните делови, со цел да се намали времето на задржување на водата и да се спречи акумулација на седименти и формирање/одржување на биофилм. Испирањето да се спроведува плански, со водење записи за извршените активности.

·    Да се обезбеди континуитет и доволен капацитет на водоснабдувањето, односно да се обезбеди од страна на ЈКП континуиран проток на вода до сите места, особено во периоди на зголемена потрошувачка, со цел да се избегнат прекини, стагнација и повторно воспоставување на протокот, кои можат да создадат дополнителни ризици за нарушување на микробиолошкиот и физичко-хемискиот квалитет на водата. Да се воспостави оперативен план за постапување во услови на намалена издашност на извориштето или зголемена потрошувачка.

·      Поврзано со горната препорака, како долгорочна мерка, препорачуваме изнаоѓање нови изворишта за водоснабдување со цел да се задоволат зголемените потреби и потрошувачка особено во текот на летниот период.

·    Да се обезбеди редовна оперативна контрола на базните параметри на водата за пиење на дневна основа, согласно законските обврски, со задолжително водење и архивирање на записи за резултатите и преземените корективни мерки при утврдени отстапувања.

·     Да се врши редовен мониторинг на безбедноста и квалитетот на водата за пиење која ја доставуваат до потрошувачите согласно одредбите од Програмата за мониторинг базирана на проценка на ризикот и одобрена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

·   Да се почитуваат обврските за одржување и управување со заштитните зони согласно изработениот Елаборат за заштитни зони. Особено внимание да се обрне на првата заштитна зона и непосредната широка, втора заштитна зона (зона на санитарно ограничување).

·         Да се обезбеди целосно усогласување на хлоринаторската станица и условите за складирање и ракување со хлор гас со сите применливи законски и безбедносни барања, вклучително и соодветна вентилација, систем/опрема за спречување на ширење на хлорниот гас при хаварија, лична заштитна опрема, соодветна опрема за детекција и постапување при истекување, како и редовна обука на персоналот за итни ситуации.

·     Персоналот одговорен за управување со водоснабдителниот објект и одржување на водоводната мрежа да има соодветни обуки, и истите да се спроведуваат континуирано.

·         Вработениот персонал во првата заштитна зона задолжително да вршат редовни здравствено-хигиенски прегледи.

·   Да се провери дали вработениот персонал во критичните места на водоснабдителниот дистрибутивен систем има соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на храната (водата за пиење како храна) спроведена од страна на овластени правни лица.

 

2.    Комуналните инспектори на Општината да вршат почести теренски контроли во однос на рационалното користење на водата, особено во периоди на зголемена потрошувачка, како и контрола на потенцијални недозволени приклучоци, истекувања и други состојби кои можат да влијаат врз количината и континуитетот на водоснабдувањето.

3.    Надлежните инспекциски тела да вршат редовен инспекциски надзор над водоснабдителниот систем почнувајќи од извориштето до крајните потрошувачи. Особен акцент да се стави на инспекција на заштитните зони

4.    Да се изврши техничка проценка на состојбата, функционалноста и капацитетот на филтерната станица и, доколку истата ги исполнува техничките и санитарните услови за работа, да се стави во функција согласно предвидената технологија на третман, со воспоставување соодветен оперативен и мониторинг план.