• 24.04.2023

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Центар за јавно здравје и реформи, Министерство за здравство на Република Азербејџан (ISIM) и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија


aztibb_az_338954036_243865838090903_6454394517177218232_n_855
30.03.2023
Потпишан е меморандум за соработка помеѓу Центар за јавно здравје и реформи, Министерство за здравство на Република Азербејџан (ISIM) и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија
Aztibb.az, повикувајќи се на Фејсбук страницата на ISIM, известува дека главната цел на меморандумот е да се прошири соработката меѓу јавните здравствени установи од двете земји, да се организираат заеднички активности во областа на контролата на инфекции, управувањето со здравствената заштита и да се промовира истражувањето.
Треба да се напомене дека проектот за истражување на ефикасноста на вакцините меѓу здравствените работници успешно се спроведува во Азербејџан од 2021 година. Овој истражувачки проект го спроведува ISIM со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) и Центарот за контрола и превенција за болести на САД (CDC). Главната цел на истражувањето е да се проучи ефективноста на вакцините против SARSCoV2 и вирусите на грип, да се истражи ефективноста на мерките за контрола на инфекции и општиот процес на вакцинација и да се подготват релевантни препораки во насока на јавното здравје. Во рамките на оваа студија се врши и генетска анализа на откриените вируси, во која учествуваа повеќе од 1.500 здравствени работници од седум медицински установи. Во студијата, генетската низа на SARSCoV2 и вирусите на грип се одредува со посебни методи.
Имено, за потребите на студијата на Азербејџан за ефикасност на вакцинацијата, ИЈЗ, поточно Одделението за вирусологија ќе врши генетска карактеризација (секвенционирање) на позитивни примероци за SARS-CoV-2 I influenza virus.