- 14.02.2023
ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БИОЛОШКИ ОТПАД
Центaрот за извонредност за ублажување на ризикот на Европската унија (ЕУ) за хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни (CBRN) е глобална иницијатива финансирана и имплементирана од Европската Унија како дел од нејзината цел да промовира мир, стабилност и спречување конфликти. Целта на Иницијативата е да се ублажат ризиците и да се зајакне безбедносното управување со сите опасности во земјите партнери на ЕУ, следејќи го доброволниот пристап и ориентиран кон побарувачката. Поддршката на ЕУ е обезбедена за спроведување на широк опсег активности за ублажување на ризикот од CBRN, вклучувајќи проценки на потребите и ризикот, национални и регионални акциони планови, активности за градење капацитети, прегледи на правна рамка, теренски вежби и обуки.
Во периодот од 10-11 февруари 2023 година во Хотел Романтик-Велес, Здружението на специјалисти по хигиена и здравствена екологија одржа Обука за управување со биолошки отпад во рамките на P67 организиран во соработка со Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија и Медицински факултет – Скопје. На обуката беа колеги од Центрите за јавно здравје и други.
Обуката е дизајнирана да ги исполни следните цели:
- Развој на знаења за принципите за управување со биолошки отпад; развој на знаења за правилен избор и употреба на ЛЗО; принципи за третман и отстранување на биолошкиот отпад и валидација на овие процеси.
Целна група:
- Здравствените работници, лаборанти, персонал кој управува со отпад;
Резултати од учењето
- Систематско разбирање на клучните прашања поврзани со управувањето со биолошки агенси и отпад; стекнување на теоретско и практично разбирање за процесите за управувањето со биолошкиот отпад; критички да се оцени опсегот на технологии за санација на биолошките агенси и отпадот.
На обуката се споделија знаења и искуства од областа на управување со биолошкиот отпад, со фокус на инциденти при ракување со отпадот.