• 24.04.2023

Oдржана регионална Работилница за стратешка проценка на ризик(STAR)


Во периодот 10 -12.4.2023 година беше одржана суб-национална Регионална Работилница за Стратешка Проценка на Ризик (STAR) , во хотелот Инекс Олгица, Охрид со почеток во 10 часот.
Работилницата е поддржана од страна на СЗО, а на неа присуствуваа претставници од СЗО, Центрите за јавно здравје од Охрид, Битола,Прилеп, Тетово и Скопје, ЦУК, Црвен Крст, АХВ, МВР.
Институтот за јавно здравје беше претставен од прим. д-р Жарко Караџовски, спец. д-р Драган Кочински, спец. д-р Кристина Ставридис и проф. д-р Михаил Кочубовски, кои беа фацилитатори на двете работни групи.
На работилницата  се разговараше за спроведување на стратешка проценка на ризикот за јавното здравје на суб-национално ниво.
На тој начин, јавните здравствени институции ќе можат да носат одлуки засновани на информираност и да преземат ефикасни активности за справување со заканите по јавното здравје во одреден регион, со крајна цел подобрување
на здравјето и благосостојбата на заедниците.
За развивање на субнационалната стратешка проценка на ризик ќе бидат преземени следните чекори: собирање на податоци, нивна обработка, процена на ризик, приоретизирање на опасностите и ризиците, развивање на план за делување, мониторинг и евалуација.
На почетокот беа претставени целите и очекуваните исходи на работилницата, одредување на опасностите во групи, стратешка процена на ризик со користење на STAR методологија, како и чекори за спроведување на стратешка процена на ризик.
Потоа се прејде кон опис и презентација на алатката за собирање податоци STAR.
Учесниците беа поделени во 2 работни групи каде што ги идентификуваа клучните улоги, ги утврдија размислувањата, резултатите и усогласувањата
на пленарна сесија. На крај се направи презентација на работата во групи.
Стратешката алатка за одредување на ризикот – СТАР, беше претставена на национално ниво во 2022 година, како пример за регионалните и општинските здравствени установи.
Крајниот резултат на одржаните работилници во Струмица и во Охрид преттставува зајакнување на сите здравствени и општествени капацитети за проценка и приоритизација на ризици во целата држава, како и клучните активности за превземање на мерки на терен за нивно спроведување.