• 23.01.2023

Информација 23.01.2023


Водејќи се од мисијата на нашата институција Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ), да го унапредуваме  здравјето и општата благосостојба на населението преку научно базирани сознанија, добри практики, информации и влијание на  одржливи јавно здравствени политики би сакале да Ве информираме дека
– Уште од сезоната 2021/2022 година ИЈЗ има воспоставен систем за истовремено тестирање за КОВИД-19 и грип (А и Б) на примероците од системот за следење на КОВИД-19 и грип согласно препораките на Светската Здравствена Организација (СЗО).
– Од почетокот на сезоната 2022/2023 во нашата лабораторија е воведен тест за истовремено тестирање на 33 респираторни патогени од еден примерок како резултат на што беше детектирана циркулацијата на Респираторен Синцицијален Вирус (РСВ) и други вируси за чија детекција сте информирани во изминатиот период, како и истовремена детекција на САРС-КоВ-2 и инфлуенца А вирусот кај еден пациент од минатата недела.  
– Генетската карактеризација (секвенционирање)  на респираторните вируси споведена во текот на оваа недела беше успешна на
А)  32 примерока позитивни на SARS-CoV-2. Селектираните примероци беа од месеците декември 2022 година и јануари 2023 година и беа од следните градови:
Скопје – 6
Битола – 4
Прилеп – 4
Гевгелија – 4
Кавадарци – 3
Тетово – 3
Гостивар – 1
Радовиш – 1
Штип – 1
Струмица – 1
Куманово – 1
Валандово – 1
Кочани – 1
Велес – 1
Кај 8 примероци е детектирана BA.2 сублинијата на Омикрон сојот.
Кај еден примерок е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година.
Кај останатите 23 SARS-CoV-2 примероци е детектирана ВА.5 сублинијата на Омикрон.
Б) 7 примерока позитивни на Influenza A. Кај два примерока беше докажан H3N2 суптипот, додека пак кај пет примерока H1N1 суптипот на Influenza A.
Институтот за Јавно Здравје останува посветен на својата задача во одржувањето на  здравјето на населението на нашата држава и  сигурноста од глобални и локални јавно-здравствени закани.