• 08.05.2023

РАБОТИЛНИЦА: КВАНТИТАТИВНИ И КВАЛИТАТИВНИ БИХЕВИОРАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА


Del od ucesnici na rabotilnicata za bihevioralni studii
Институтот за јавно здравје на РСМ на 4 мај 2023 година организираше работилница за обука на здравствени работници на тема: “КВАНТИТАТИВНИ И КВАЛИТАТИВНИ БИХЕВИОРАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА” . Цел на работилницата беше да се прошират знаењата и вештините за спроведување на квалитативни и квантитативни истражувања за однесувањата на луѓето кон здравјето и превенција на ризик факторите за појава на болестите и сродните здравствени проблеми. Резултатите од овие студии претставуваат основа за креирање на јавно-здравствените политики како на национално, така и на регионално и локално ниво. На работилницата присуствуваа специјалисти по социјална медицина и јавно здравје од Центрите за јавно здравје кои според својата дејност се одговорни за реализација на овој тип истражувања во превенција на незаразните заболувања.
Работилницата ја организираше Одделот за за здравствена промоција и следење на болести во Институтот за јавно здравје согласно предвидените активности во Националната годишна програма за јавно здравје во РСМ во 2023 година. Настанот  се одвиваше според следната
АГЕНДА
11:00 – 11:15  Вовед во обуката
Проф.д-р Елена Ќосевска
11:15 – 11:30  Вовед во бихевиорални истражувања
Др.сци. Сања Прошева
11:30 – 12:00  Квантитативни и квалитативни истражувања
Проф.д-р Елена Ќосевска
М-р Марина Бачановиќ
12:00 – 12:30  Вежба: – подготовка на бихевиорално истражување
12:30 –13:00   Презентација на резултатите од вежбата
13:00 – 13:30  Следни чекори