• 09.05.2023

СООПШТЕНИЕ – 9.5.2023


КАМПАЊА ЗА ЗДРАВЈЕ
(Во организација на Институт за јавно здравје)
 
Почитувани,
Ве известуваме дека Институтот за јавно здравје на РСМ од Скопје во текот на месец мај 2023 година организира кампања под мотото ”Кампања за здравје”.
Цел на кампањата е да се подигне свеста кај граѓаните од сите возрасти да го чуваат и унапредуваат здравјето и да ги превенираат ризиците по здравјето со што ќе живеат поздраво и ќе спречат појава на болести и други сродни здравствени проблеми.
Повод за кампањата се:
  • Мај како месец за превенција на рак на кожа
  • 5 мај – светски ден на хигиена на рацете и меѓународен ден на акушерки
  • 10 мај – меѓународен ден на физичка активност
  • 12 мај – меѓународен ден на сестринство
  • 17 мај – светски ден на хипертензија ( висок притисок)
  • 31 мај – светски ден без тутун
Кампањата ќе претставува симбиоза на одбележување на овие значајни светски денови.
Активности поврзани со кампањата:
  • Објавување на стручни текстови, постери, флаери на интернет страницата и фејсбук страната на Институтот за јавно здравје на македонски и на албански јазик.
  • Учество на вработени од Институтот на Скопскиот маратон на 7 Мај 2023
  • Учество во радио и ТВ емисии на вработени од Институтот на теми поврзани со здравјето и превенцијата на болестите
  • Организирање на настан на отворено со разни активности.
Настан на отворено:
  • Дата на оддржување на настанот: 11 Мај ( четврток ), од 11-13,00
  • Локација: Кеј на реката Вардар во близина на х. Александар Палас, Скопје
  • Учесници: Институт за јавно здравје на РСМ, Факултет за физичко образование, спорт и здравје, Национална федерација “Спорт за сите на Северна Македонија”, ученици од СМУГС Д-р Панче Караѓозов, членови на Здружение “Здрава Иднина”, Здружение на студенти на медицина при Медицински факултет Скопје, ученици од 3 основни и 1 средно училиште – пилот училишта за имплементација на концептот “Училишта што го унапредуваат здравјето”, и други граѓани.
  • Видови активности на 11 мај ( четврток ) од 11:00 -13:00 часот, на кеј на Вардар во близина на хотел Александар Палас во Скопје:
  • Изјави за мас медиумите во 12:00 часот
  • Вршење превентивни прегледи – мерење крвен притисок
  • Едукација за значењето на здравиот стил на живот, особено на физичката активност за превенција на заболувањата
  • Делење на пропаганден материјал
  • Давање овошје и вода во текот на настанот
  • Оддржување на групни вежби со учениците на справите на кејот и други спортски реквизити
  • Организирање на трка на 100 метри.
Кампањата се реализира согласно задачите и активностите кои произлегуваат од Националната годишна програма за јавно здравје во РСМ во 2023 година на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје на РСМ, а со поддршка на Министерството за здравство.
Заедно можеме! Дојдете да се дружиме!
“КАМПАЊА ЗА ЗДРАВЈЕ”
 
                                                Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија