МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
меѓу Институт за јавно здравје на Република Македонија и
Институтот за јавно здравје на ИТАЛИЈА

5.07.2018 во 10 часот во ИЈЗ
Потпишувањето на меморандум за соработка меѓу Институт за јавно здравје на Република Македонија и Институтот за јавно здравје на ИТАЛИЈА значи започнување на нова ера на соработка во областа на јавното здравје и истражувачка работа, врз основа на еднаквост, родова еднаквост, реципроцитет и взаемна корист.
Специфичните области на соработка се меѓусебно договорени, земајќи ги предвид интересите на двете страни кои ги опфаќаат областите наведени подолу:
1. Билатерална размена на стручниот кадар за студиски посети и истражувања во областите: промоција на здравјето, имунизација, заразни болести, превенција и контрола на незаразните болести, регистри на болести, животна средина и здравјето на луѓето, климатски промени, безбедност на вода и храна, управување со здравствени статистики, управување со здравствениот систем, исхрана / нарушувања во исхраната.
2. Дизајнирање и развој на активности за обука за управување со здравствената заштита и примена на педагошки алатки (како алатки за евалуација, образовни упатства, системи за управување и сл.)
3. Заеднички активности за подготовка, примена и учество во истражувачки проекти финансирани од фондовите на ЕУ
4. Дизајн и развој на споделена “виртуелна библиотека” но не ограничувајќи се на размена на материјали за обука за информации, истражувачки публикации, студии на случај и онлајн модули за обука.
5. Други можни форми на соработка во областа на јавното здравје e. g. проекти за збратимување и повици за техничка помош промовирани од Европската Унија
6. Договорените страни ќе ја поддржат меѓусебната размена на најнавремена и релевантна медицинска литература и аудиовизуелни информативни материјали во областа на Јавното здравство.
7. Договорените страните ќе соработуваат врз основа на еднаквост, взаемна корист, споделување резултати и заштита на правата на интелектуална сопственост, во согласност со меѓународните правила и практики и обврски кои произлегуваат од членството во ЕУ и соодветните норми и прописи.