- 31.08.2023
ПРЕПОЗНАЈ ГИ СИМПТОМИТЕ
Многу од симптомите на рак на дојка се невидливи и не се забележуваат без професионален скрининг како што се мамограм или ултразвук. Постојат и други симптоми, сепак, тие може да се почувствуваат или да се забележат ако сте проактивна кога станува збор за здравјето на вашите дојки.
Овој водич ќе ви помогне да знаете што да барате и ќе ви помогне да ги земете во предвид важните информации што треба да ги споделите со вашиот здравствен работник (доктор, медицинска сестра, патронажна сестра) за да го воведете него или неа во нивната професионална евалуација за здравјето на вашите дојки и за потребните скрининзи.