• 02.02.2024

Основни знаења за HACCP во "Везе Шари"


На ден 1.2.2024 година (четврток), претставници од Институтот за јавно здравје на РСМ - проф. д-р Гордана Ристовска, проф. д-р Михаил Данев и д-р Џансун Буковец одржаа обука за основни знаења за НАССР на вработените во ДСПТ "Везе Шари", реномиран бренд за производство на храна. 
ИЈЗРСМ продолжува со обуки и тренинзи за примена на стандарди од областа на безбедноста на храната, НАССР и унапредување на здравјето на населението.