• 09.05.2024

5 Maj - Светски ден на хигиената на рацете 2024


 

5 Maj - Светски ден на хигиената на рацете 2024: Зголемување на свеста и разбирањето за важноста на миењето раце со сапун како ефикасен и достапен начин за спречување на болести и спасување животи

 

Секоја година кампањата СПАСИ ЖИВОТИ: Мијте ги вашите раце има за цел да ја зголеми свеста за важноста на хигиената на рацете во здравствената заштита и да ги „здружи луѓето“ за поддршка на подобрувањето на хигиената на рацете на глобално ниво.

Хигиената на рацете секоја година спасува милиони животи кога се изведува во вистински моменти за време на испораката на здравствена заштита. Тоа е исто така паметна инвестиција која нуди исклучителен поврат за секој вложен денар.

СЗО ги повикува сите да бидат инспирирани од глобалното движење за да се постигне универзална здравствена покриеност (УЗП), односно да се постигне подобро здравје и благосостојба за сите луѓе на сите возрасти, вклучително и заштита од финансиски ризик, пристап до квалитетни основни здравствени услуги и пристап до безбедни, ефективни, квалитетни и достапни есенцијални лекови и вакцини за сите. Превенцијата и контролата на инфекции, вклучително и хигиената на рацете, е од клучно значење за да се постигне УЗП бидејќи тоа е практичен доказ кој се темели  на пристап со докажано влијание врз квалитетот на грижата и безбедноста на пациентите на сите нивоа на здравствениот систем.

Тема на кампањата:

Промовирање на знаење и градење на капацитетите на здравствените работници и соработници преку иновативна и влијателна обука и едукација, за превенција и контрола на инфекции, вклучително и хигиена на рацете.

Слоган:

Зошто споделување на знаења за хигиената на рацете е сè уште толку важно? Затоа што помага да се запре ширењето на штетните бактерии во здравството.

Цели на кампањата:

Зајакнување на пристапите за учење за да се овозможи имплементација на иновативна и ефективна обука за да се поттикнат здравствените работници и негователите да ја подобрат хигиената на рацете со зголемено знаење, вештини и однесувања.

Промовирајте пристап до иновативни ресурси за обука за хигиена на рацете за здравствените работници и здравствените соработници!

Подигнете ја свеста за важноста на знаењето и учењето за хигиената на рацете во вистинско време за спречување на низа заразни болести!

Поттикнување на механизмите за мерење и евалуација за да се процени влијанието на обуката и образованието за хигиената на рацете и нивниот ефект врз спречувањето на инфекциите и антимикробната резистенција.

Годинешни повици за акција:

Здравствени работници:

Инфекциите поврзани со здравствената заштита се меѓу најчестите несакани настани што се случуваат во контекст на давањето здравствени услуги - 136 милиони случаи на инфекции асоцирани со здравствена заштита отпорни на антибиотици се случуваат ширум светот секоја година.

Негователи:

Хигиената на рацете секоја година спасува милиони животи кога се изведува во вистинско време во здравствената заштита, додека подобрувањето на хигиената на рацете во здравствените установи заштедува приближно доволно финансиски средства за здравствена заштита.

Креатори на политики:

Инвестирајте за здравје и достоинство.

Оние кои имаат пристап до грижа:

Споделувањето на знаењето за хигиената на рацете сè уште е толку важно бидејќи на крајот е многу ефикасен начин да се запре ширењето на штетните бактерии во здравството.

 

Превод и адаптација:

Оддел за здравствена промоција и следење на болести