• 17.09.2024

ПРЕПОРАКИ НА СЗО ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ (5–17 години)


Придобивките од физичката активност кај деца и адолесценти (5-17 години) вклучуваат подобрена физичка кондиција (кардиореспираторна и мускулна), подобрено кардиометаболно здравје (крвен притисок, нивоа на масти, глукоза и инсулинска чувствителност), намалено количество телесни масти, посилни коски, подобри когнитивни резултати (академски успех, извршни функции) и ментална благосостојба (намалени симптоми на депресија).

 

ПРЕПОРАКИ ЗА ДОБРА ПРАКСА

  1. Подобро е да се биде физички активен, отколку воопшто да не се практикува физичка активност.
  2. Доколку децата и адолесцентите не ги исполнуваат препорачаните препораки, и каква било форма на физичка активност, сепак ќе има позитивен ефект врз нивното здравје;
  3. Децата и адолесцентите треба да започнат со помал степен на физичка активност и со текот на времето постепено да ја зголемуваат фреквенцијата, интензитетот и времетраењето;.
  4. Важно е на сите деца и адолесценти да им се обезбедат безбедни и праведни можности за учество во физички активности што се забавни, разновидни и соодветни за нивната возраст и способности.