• 17.09.2024

17 септември - Светски ден за безбедност на пациентите


 

2024 година: „Подобрување на дијагнозата за безбедност на пациентите“

Светскиот ден за безбедноста на пациентите е можност за подигање на јавната свест и поттикнување соработка помеѓу пациентите, здравствените работници, креаторите на политиките и лидерите во здравствената заштита со цел да се подобри безбедноста на пациентите.

Оваа година темата е „Подобрување на дијагнозата за безбедност на пациентите“ со слоганот „Направи го правилно, направи го безбедно!“, истакнувајќи ја важноста од правилна и навремена дијагноза во обезбедувањето на безбедноста на пациентите и подобрување на здравствените резултати.

Објавувајќи го Светскиот ден на безбедноста на пациентите за 2024 година, еден од глобалните денови на јавното здравје, СЗО ја продолжува својата мисија во 2024 година.

Во 2019 година, на 72 Светско здравствено собрание усвоена е резолуцијата WHA72.6 – „Глобална акција за безбедноста на пациентите’’. Светскиот ден за безбедност на пациентите е камен-темелник на акција за промовирање на глобалното здравје и безбедност. Тоа е цврсто втемелено во основниот принцип на медицината – „прво не прави штета“. Нејзината цел е да се зголеми јавната свест и ангажманот, да се подобри глобалното разбирање и работата за безбедноста на пациентите.

Резолуција WHA72.6 и Глобалниот акционен план за безбедност на пациентите 2021–2030 ја нагласуваат потребата за безбедноста на дијагностичкиот процес. Глобалниот акционен план ги охрабрува земјите да усвојат стратегии кои ја намалуваат дијагностичката грешка, кои често произлегуваат од комбинација на когнитивни и системски фактори кои влијаат на препознавањето на клучните знаци и симптоми на пациентите и интерпретацијата и комуникацијата на резултатите од нивните тестови.

Дијагностичка грешка е неуспехот да се утврди правилно и навремено здравствениот проблем на пациентот, што може да вклучува задоцнети, неточни или пропуштени дијагнози или неуспех во комуникација со пациентот. Дијагностички грешки не се воопшто занемарливи и изнесуваат речиси 16% од штетите, што може да се спречат низ здравствените системи. Со оглед на тоа што повеќето возрасни лица најверојатно ќе се соочат со барем една дијагностичка грешка во текот на нивниот живот, значителна работа треба да се направи за да се подобри безбедноста на дијагностичките процеси.

 

Преку слоганот „Направете го правилно, направете го безбедно!“, СЗО повикува на заеднички напори за значително намалување на дијагностички грешки преку повеќеслојни интервенции вкоренети во системско размислување, човечки фактори и активни ангажмани на пациенти, нивните семејства, здравствени работници и здравствени лидери. Овие интервенции вклучуваат но не секогаш во целост историјат на пациентот, преземање на темелно клиничко испитување, подобрување на пристапот до дијагностички тестови, спроведување методи за мерење и учење од дијагностички грешки и усвојување решенија засновани на напредната технологија.

Цели на Светскиот ден на безбедноста на пациентите 2024 година:

1.   Подигнете ја глобалната свест за грешките во дијагнозата кои придонесуваат за оштетување на пациентот и нагласете ја клучната улога на правилна, навремена и безбедна дијагноза за подобрување на безбедноста на пациентите.

 

2.   Дајте важност на дијагностичката безбедност во политиката за безбедност на пациентите и клиничката пракса на сите нивоа во здравствената заштита, усогласена со Глобалниот акциски план за безбедноста на пациентите 2021–2030 година.

 

3.   Поттикнете ја соработката меѓу креаторите на политиките, лидерите во здравствената заштита, здравствените работници, здруженија на пациентите и други засегнати страни во унапредувањето на правилна, навремена и безбедна дијагноза.

 

4.   Овозможете им на пациентите и семејствата активно да се вклучат со здравствените работници и лидерите на здравствената заштита, со цел да се подобрат дијагностички процеси. Работете заедно за да ја направиме здравствената заштита побезбедна.

 

СЗО ги поканува сите засегнати страни да се приклучат во глобалната кампања, „ОБОЈТЕ ГО СВЕТОТ ВО ПОРТОКАЛОВО НА 17 СЕПТЕМВРИ и да преземат конкретни чекори за остварување на дијагностичката безбедност.

 

Превод и подготовка: Оддел за здравствена промоција и следење на болести