• 19.09.2024

Работна средба меѓу Директорите на ИЈЗ,ЦЈЗ Скопје и ДСЗИ


Директорката на ИЈЗ, д-р сци. Марија Андоновска на ден 18.9.2024 оствари работна средба со Д-р сци. Кирил Лазов, Директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и  г-дин Муамет Демири Директор на Центар за јавно здравје Скопје.

Се разговараше за продолжување и зајаканување на меѓуинституционалната соработка, како и за можностите за унапредување на здравствените услуги, безбедноста на храната и создавање продуктивна работна средина.