• 17.10.2024

17 октомври - Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата


Темата за оваа година е „Крај на социјалното и институционалното малтретирање, дејствувајќи заедно за праведни, мирни и инклузивни општества“.

Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува секоја година, од 1987 година, кога на масовен собир во Париз се прогласи сиромаштијата како кршење на човековите права. Овој настан ја истакна потребата од колективна акција со цел да се обезбеди почитување на правата. Оттогаш, луѓето од различно потекло се обединуваат секоја година да изразат солидарност со оние кои живеат во сиромаштија. Репликата на комеморативниот камен, откриен за време на првичниот собир, служи како фокусна точка за глобалното одбележување, вклучително и во седиштето на Обединетите нации.

Сиромаштијата има повеќе димензии, некои видливи, а други скриени, но сите меѓусебно поврзани. Темата 2024-2025 година на Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата (IDEP), ќе истакне една од скриените димензии на сиромаштијата, социјалното и институционалното малтретирање што го доживуваат луѓето кои живеат во сиромаштија и ќе ги разгледа опциите за заедничко дејствување со Целите за одржлив развој (ЦОР) 16, за промовирање на праведни, мирни и инклузивни општества.

„Социјалното и институционалното малтретирање го уништува човековото достоинство. Често прави да се чувствувате слаби затоа што ја вложувате целата своја енергија да направите нешто и на крајот не ги гледате резултатите. Тоа е нешто што предизвикува поделба“.

Луѓето кои живеат во сиромаштија се соочуваат со негативни ставови. Тие се стигматизирани, дискриминирани, оценувани според нивниот изглед, акцент, адреса (или недостаток од неа), обвинувани за нивната состојба и третирани со непочитување. Малтретирањето е поизразено кај луѓето кои се соочуваат со други форми на предрасуди, вклучително и пол, сексуална ориентација, раса или етничка припадност. Социјалното малтретирање создава амбиент за институционално малтретирање, во комбинација на негативните ставови меѓу кои (недоверба, непочитување), како и контролирање на дискриминаторските политики и практики, лишување на луѓето од нивните основни права, меѓу кои пристап до здравствена заштита, образование, домување и правото на правен идентитет.

Формалните институции, јавни и приватни, го обликуваат негативното искуство на сиромаштијата преку јавниот дискурс и дизајнот, кодификацијата и спроведување на политиката и услугите. Во рамки на политиките, институциите имаат тенденција да ги рефлектираат и засилуваат дискриминаторските ставови и практики наместо да ги оспоруваат. Слично на тоа, дизајнот и спроведувањето на политиките имаат тенденција да ги исклучат луѓето кои живеат во сиромаштија и да не реагираат соодветно, во однос на исполнување на нивните основни потреби.

Сиромаштијата опстојува дури и во високо развиените земји, после повеќе децении постоење на програми за социјална заштита. Често сиромашните луѓе во интеракција со институциите, се гледаат со предрасуди и потчинување. Луѓето се чувствуваат отфрлено, неадекватно или понижено и кога се обидуваат да излезат од сиромаштијата, тие немаат пристап и поддршка од институциите.

Во некои делови од светот, институционалното малтретирање на семејствата кои живеат во сиромаштија е исто така причина за загриженост бидејќи ставовите и практиките на државните даватели на услуги ги тераат родителите да се чувствуваат несоодветно и засрамено од својата состојба и се во страв од одземање на нивните деца.

Луѓето кои се соочуваат со сиромаштија имаат ограничени избори и не се слуша нивниот глас во донесување на општествените одлуки. Да се ​​живее во сиромаштија значи да се биде игнориран, исклучен и експлоатиран, да се доживее интензивно физичко, ментално и емоционално страдање - чувство на несигурност, страв и очај. Со оглед на длабоко вкоренетите дискриминаторски ставови и практики, луѓето исто така се чувствуваат безнадежно и немоќно. Секојдневни искуства на неправда и дехуманизација ја поткопува самодовербата, ја уништува личната перцепција, им го ускратува на луѓето достоинството и шансите да излезат од сиромаштијата. Социјалното и институционално малтретирање е катастрофална загуба на човечкиот потенцијал во општеството. „Кога живеете во екстремна сиромаштија, сте заглавени во сложен систем на односи на моќ и доминација. Треба да се усвои системски пристап кој ќе покаже како овие различни димензии можат да комуницираат едни со други.“

Консултации на тема за 17 октомври:

На Форумот за надминување на сиромаштијата одржан во март 2024 се заклучило да се дејствува заедно за праведни, мирни и инклузивни општества ( ЦОР 16), се со цел да се постигне мирно и инклузивно општество, кое ќе обезбеди пристап до правдата за сите и градење ефективни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа. Луѓето насекаде треба да бидат ослободени од страв од сите форми на насилство вклучувајќи го и одржливото насилство од сиромаштијата. Ослободувањето од сиромаштија ќе се  постигне само доколку во тие дискусии и активности околу искоренувањето на сиромаштијата се вклучат и луѓето кои се најдиректно погодени. Сиромаштијата треба да ја препознаеме, признаеме и да прифатиме дека опстојува поради неправедните системи, структурната дискриминација, советодавните закони, политиките и дејствијата, вклучително и експлоататорски економски практики кои ги кршат вродените основни човекови права.

Политиките и практиките за ставање крај на сиромаштијата мора да се засноваат на докази. Експертите од областа од прва рака мора да бидат целосно вклучени во градење политики од почеток до крај, да дадат значителен придонес во дизајнирањето, имплементацијата и евалуацијата на стратегиите против сиромаштијата кои ефикасно ќе се справат со видливите и скриените димензии на сиромаштијата.

За да се поправи колективниот неуспех на сиромаштијата, ги повикуваме сите да преземат цврсти чекори и да дејствуваат заедно во промоција на ефикасни, одговорни и инклузивни институции кои соодветно, ефективно и со почит ќе одговорат на потребите на најсиромашните категории на граѓани!

 

Превод и подготовка: Оддел за здравствена промоција и следење на болести