• 27.12.2024

НЕГАТИВНИ ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНИ ЕФЕКТИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ПИРОТЕХНИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ


 

 

Славењето на новогодишните празници се чека со нетрпение и голема еуфорија. Понесени од атмосферата, за жал, многу често, особено кај детската и адолесцентската популација славењето е проследено со зголемена употреба на пиротехнички материјали.

Употребата на пиротехнички материјали има сериозни негативни јавноздравствени последици. Можеби огнометите се убави за гледање, но тие можат да бидат смртоносни кога се погрешно употребени или злоупотребени, а воедно може да се штетни и за животната средина.

ИЈЗ целосно ја поддржува кампањата на Министерството за внатрешни работи - „Пиротехника не, безбедност пред сè“ и се вклучува со јавноздравствени препораки за населението.

1. ПОВРЕДИ

Повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали се тешки, претворајќи ги многу прослави и весели моменти во несреќи заради настанатите повреди.

Деловите од телото кои најчесто се повредуваат со употребата на пиротехнички материјали се рацете и прстите, главата, лицето и ушите, нозете и очите. Изгорениците се најчестиот тип на повреда.

2. БОИ И МЕТАЛИ

Брилијантните бои во огнометот се создадени од прашкасти метални соли што производителите на пиротехнички средства ги додаваат на експлозивните огнометни школки. Бакарот произведува сина боја, бариумот дава зелена, а стронциумот ја создава црвената боја. Магнезиумот во прав обезбедува интензивно светли блесоци на бело - всушност, магнезиумот гори толку силно, што се користи и во воени светлечки блесоци. А многу често се наоѓа олово и други забранети хемиски супстанции.

3. ЗАГАДУВАЧКИ МАТЕРИИ

Чадот од употребата на пиротехничките материјали придонесува за загадувањето на воздухот. Азотот и сулфурот, кои се користат за создавање боја и специјални ефекти, а можат да се комбинираат со кислородот за да формираат азотни и сулфурни киселини кои се многу штетни за белите дробови. Чадот од дисплеите обично се распаѓа во рок од неколку часа, но луѓето може да почувствуваат долготрајни здравствени ефекти.

4. ПОКРАЈ ПОВРЕДИТЕ, ПОСТОЈАТ И ДРУГИ НЕГАТИВНИ ЗДРАВСТВЕНИ ЕФЕКТИ

Најзасегнати се децата, старите лица и лицата со респираторни или срцеви заболувања. Краткорочното изложување може да ја влоши некоја постоечка белодробна болест и/или предизвикувајќи астматичен напад и акутен бронхитис и зголемување на подложноста на респираторни инфекции. Кај луѓето со срцеви заболувања, краткотрајната изложеност на чад од употребата на пиротехмички средства може да се поврзе со срцев удар и аритмии.

НЕ СТРАДААТ САМО ЛУЃЕТО, СТРАДААТ И ЖИВОТНИТЕ

Институтот за јавно здравје замолува и препореачува:

1. Бидете внимателни при изборот на пиротехнички материјали;

2. Внимавајте на загадувањето на животната средина;

3. Почитувајте ги луѓето и животните околу вас;

3. Оставете ја употребата на пиротехнички материјали на професионалци;

4. Не дозволувајте малите деца да играат со пиротехнички материјали, колку и тие да изгледаат безопасно;

5. Бидете во близина на извор на вода во случај на несреќа;

6. Не користете пиротехнички материјали под дејство на алкохол или други супстанции.

 

Институтот за јавно здравје Ви посакува да имате здрава, забавна и безбедна прослава!