- 13.06.2025
Единствена државна меѓунаордно акредитирана лабараторија
Институтот за јавно здравје беше посетен и оценет од тимот за акредитација на референтни лаборатории при Светската здравствена организација (СЗО), при што доби една од највисоките можни оценки.
Ова значајно признание ја потврдува стручноста, компетентноста и континуираната посветеност на ИЈЗ кон меѓународните стандарди за квалитет.
Во моментов, Институтот ја поседува единствената меѓународно акредитирана лабораторија во Република Македонија, што претставува клучен чекор кон обезбедување сигурна, ефикасна и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.