- 01.08.2025
СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕ, 1-7АВГУСТ
ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ДОЕЊЕТО, ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ИДНИНАТА.
Светската недела на доење се одбележува секоја година во првата недела од август, подржана од СЗО, УНИЦЕФ, Министерството за здравство како и партнери од граѓанскиот сектор низ целиот свет. Време е да се препознае доењето како моќна основа за доживотни придобивки, развој и еднаквост.
Како и секоја година Институтот за јавно здравје дава поддршка и ја одбележува Светската недела на доење. Поддршката за доење доаѓа во различни форми и облици. Институтот за јавно здравје како член на алијансата за безбедно и здраво доење (WABA) се приклучува кон одблежувањето преку информирање, поттикнување како и вклучување во активности за доење и сродни прашања.
Со кампањата во светски рамки се опфаќаат сите мајки и нивните различности во текот на нивнот патување во мајчинството и доењето, прикажувајќи ги начините на кои семејствата, општествата, заедниците и здравственит работници можат да ги заштита мајките доилки.
Во 2023 година глобалната стапка на ексклузивно доење од 6 месеци била 48%, близу до целта на Светското здравствено собрание 50% до 2025 година. За да се обезбеди позитивен раст и да се достигне нова цел за 2030 година до 70% ексклузивно доење на 6 месеци, учеството на секој актер што го сочинува топлиот синџир е клучно. Поддршката на доење за поздрава планета бара создавање одржлива средина каде што доењето е приоритет. Кога доењето е заштитено, промовирано и поддржано се создава одржлива средина која ќе ни помогне да ги ублажиме непосредните влијанија од климатските промени. Заштитата, промоцијата и поддршката на доење се директни чинители кои се справуваат со нееднаквостите кои стојат на патот на одржливиот развој.
Институтот за јавно здравје во изминатиов период посвети големо внимание на доењето односно на мајките кои дојат. Од неодамна во Институтот се воведе телефонска линија која дава поддршка, поттик и сигурност доколку мајката има потреба да се консултира со експерти во полето на доење и помош при пост-породилниот период. И во следниот период се продолжува во иста насока со промовирање на добри и здрави навики во периодот на мајчинството и почетокот на нова ера за мајките и нивните семејства.
Светската недела на доење ќе стави посебен акцент на тековната поддршка што им е потребна на жените и бебињата од здравствениот систем во текот на нивното патување со доење. Ова значи на секоја мајка да и се обезбеди пристап до поддршка и информации што и се потребни за да дои се додека сака да го прави тоа, преку инвестирање во стручно советување за доење, спроведување на Меѓународен кодекс при маркетинг за млечна формула (млеко во прав), создавање пријателка средина во контекст на доењето во здравството, на работа и во општеството генерално.
Не станува збор да се прави само она што е правилно туку и економски исплатливо. Доењето обезбедува надежна иднина не само за децата туку и за општествата. Ги намалува трошоците за здравствена заштита, го потикнува когнитивниот развој, ги зајакнува економиите и што е најбитно им дава на децата здрави почетоци.
KЛУЧНИ АКТИВНОСТИ ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕКТОР
· Поддршка во секој чекор на патувањето
· Обезбедување на стручна, сочувствителна поддршка за доење до рано детство, гарантиран и континуиран пристап до обучено советување за доење од рана бременост за сите мајки.
· Обука и овластување на здравствените работници
Обезбедување на сите здравствени работници кои работат во областа на здравјето на мајките и децата да бидат подготвени со нови знаења и вештини за доење кои лесно и со трпение ќе им ги пренесат на мајките.
· Создавање здравствени системи кои се наклонети кон доењето
Клиники и болници кои се безбедни подржувачи на доењето преку простории за поддршка.
КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ ЗА ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ
· Сите можеме да се заложиме за поддршка на мајките
Семејствата, пријателите, работидавците и заедниците сите, играат голема улога во поддшката на доилките и создравање на подджувачка средина за доење во било кое време, насекаде.
· Дознајте ги фактите
Доењет е природен, моќен начин да им се даде на бебињата најдобар почеток живот- зајакнување на нивниот имунолошки систем, помагање во борба против болсти како и обезбедување витална удобност и храна.
· Зборувајте гласно за подршката при доење
Застапувајте политики и средини што го олеснуваат доењето и го прават подостапно.
Подготвил:
Оддел за здравствена промоција и следење на болести