- 07.04.2023
7 април – Светски ден на здравјето
75 ГОДИНИ ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ
Здравје за сите подразбира секој човек да има добро здравје за водење на исполнет живот во мирен и просперитетен свет.
Правото на здравје е основно човеково право. Сите луѓе мора да имаат пристап до здравствените услуги што им се потребни, секогаш и секаде каде што им се потребни, без финансиски потешкотии.
30% од глобалното население не е во можност да пристапи до основните здравствени услуги.
Речиси две милијарди луѓе се соочуваат со катастрофални трошоци за здравствена заштита, како и со значителни нееднаквости што најмногу ги погодуваат оние во ранливите средини.
Универзалната здравствена покриеност нуди финансиска заштита и пристап до квалитетни основни услуги, ги извлекува луѓето од сиромаштија, промовира благосостојба на семејствата и заедниците, штити од јавно здравствени кризи и нè движи кон #ЗдравјеЗаСите.
7 април – Светски ден на здравјето
постер-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ
7 април – Светски ден на здравјето
флаер-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ