• 23.02.2023

Панел дискусија: Исхраната и нејзиното влијание врз оралното и целокупното здравје


На панел дискусијата на тема: „Исхраната и нејзиното влијание врз оралното и целокупното здравје“ во рамки на #healthhub, во Канцеларијата на Претседателот, заедно со амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во РСМ, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска и проф. д-р Калина Гривчева Старделова учествуваа претставници од Институтот за јавно здравје-проф. д-р Игор Спироски и д-р Џансун Буковец.
Проф. д-р Игор Спироски имаше свое излагање “Исхраната како ризик по јавното здравје”.
Исхраната како мултидисциплинарна тема, беше дискутирана од аспект на јавното здравје и беа споделени ставови на ИЈЗ околу исхраната од аспект на јавното здравје.
Фотографии: проф д-р Елизабета Ѓоргиевска (фејсбук профил)