• 31.07.2023

Светска недела на доење 1-7 август


Screenshot_20230731_144027
Светската недела на доење претставува глобална кампања за подигање на свеста и поттикнување активности на теми поврзани со доењето.
Светската недела на доење започна со одбележување во 1992 година, со годишни теми, вклучувајќи ги и здравствените системи, изработка на меѓународен кодекс за маркетинг за адаптирано млеко, поддшка од заедницата, екологија, економија, наука и образование како и човекови права.  Од 2016 година Светската недела на доење е усогласена со Целите за оддржлив развој (SDG). Во 2018 година резолуцијата на Светското здравствено собрание ја одобри светската недела на доење како важна стратегија за промовирање на доењето.
Ексклузивното доење е камен-темелник на преживувањето на детето и здравјето на детето бидејќи обезбедува суштински, незаменливи исхрана за раст и развој на детето. Служи
како прва имунизација на детето – обезбедување заштита од респираторни инфекции, дијареални заболувања и други потенцијални опасности по животот на детето.
Овогодинешниот фокус на Светската недела на доење ќе го прикаже влијанието на платеното отсуство, поддршката на работното место и новите родителски норми врз доењето, преку објективот на самите родители. Целната публика, вклучително и владите, креаторите на политики, работните места, заедниците и родителите ќе бидат ангажирани да ја играат својата критична улога во зајакнувањето на семејствата и оддржувањето на средини погодни за доење за време на работниот ангажман по пандемијата.
Пандемијата Ковид -19  негативно влијаеше на жените кои раѓаа деца со тоа што го зголеми ризикот од невработеност и губење на работното место, потешкотии при егзистенција а со тоа и попречување на пристапот до пренатална, постнатална и подолнителна поддршка и услуги за доење во здравствениот систем. Треба да ги земеме во предвид лекциите научени за време на пандемијата и да ги ажурираме политиките за социјална заштита на родителите.
Повеќе од половина милијарда вработени жени не добиваат суштинска заштита за мајчинството во националните закони. Само 20% од земјите ги задолжуваат работодавците да им обезбедат на вработените платени паузи и олеснети околности за доење. Помалку  од половина од доенчињата под 6 месеци во светот се ексклузивно доени.
Жените не треба да избираат помеѓу доењето на своето дете или одење на работа!
Доењето обезбедува витални здравствени и нутритивни придобивки за децата со позитивни доживотни влијанија, градење поздрава популација – и работна сила – за иднината.
Светската алијанса за доење (WABA), Светската недела за доење од 1-7 август, оваа година ќе ja одбележи под мотото: ДА ГО ОВОЗМОЖЕМЕ ДОЕЊЕТО! Да им помогнеме на вработените родители!
Предизвиците на работното место остануваат најчеста причина за жените никогаш да не дојат или да престанат порано од препорачаното.
На жените им треба соодветно време и поддржка за време на доењето.
Жените со помалу од 3 месеци породилно отсуство пријавиле пократко времетраење на доењето од оние жени  со 3 или повеќе од 3 месеци на отсуство.
За да се каже дека едно работно место е пријателски настроено кон доењето, потребни се адекватни услови за доење.
Работодавците и менаџерите можат да овозможат успешното доење на работа преку:
  • Обезбедување на породилно отсуство кое во најмала рака е во согласност и ги  задоволува политиките на државата;
  • Обезбедување на време и простор за доење или пак измолзување и складирање на мајчино млеко;
  • Обезбедување опции кои го намалуваат одвојувањето на мајката од нејзиното бебе по породолното отсуство како што се:
  • флексибини работни распореди
  • работење од далечина
  • работа со скратено работно време.
Заштитата, промовирањето и  поддршката на доењето ги решава нееднаквостите што стојат на патот на оддржливиот развој.  
Подготвил:Оддел за здравствена промоција и следење на болести