• 01.12.2023

3 Декември: Меѓународен ден на лицата со попреченост


 

Меѓународниот ден на лицата со попреченост е ден кој се слави секоја година на 3 декември низ целиот свет. За прв пат беше прогласено годишното одбележување на овој меѓународен ден во 1992 година со резолуцијата 47/3 на Генералното собрание на Обединетите нации.

Почитувањето на меѓународниот ден на лицата со попреченост има за цел да промовира разбирање за прашањата за попреченост и да мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на лицата со попреченост.Посветеноста на Обединетите нации за исполнување на сите човекови права за лицата со попреченост е зајакната со широко ратификуваната Конвенција за правата на лицата со попреченост и со 2030 - Агендата за одржлив развој.Тема за одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост во 2023 година е „Обединети во акција за спасување и постигнување на Целите за одржлив развој, кои се за, со и од лицата со попреченост“.

Со оглед на повеќекратните кризи на денешниот свет, постигнувањето на Целите за одржлив развој (ЦОР) е во опасност. Во средината од периодот на имплементација на Агендата 2030 година, светот не е на пат да постигне бројни цели до 2030 година.За жал, најсиромашните и најранливите во светот често се најтешко погодени во време на криза. Прелиминарните наоди од претстојниот Извештај на ОН за попреченост и развој за 2023 година покажуваат дека напредокот не е добар и постои опасност од неисполнување на неколку ЦОР за лицата со попреченост.Нашите напори да ги спасиме ЦОР за, со и од лицата со попреченост треба да се интензивираат и забрзаат, имајќи предвид дека лицата со попреченост историски биле маргинализирани и честопати биле меѓу оние кои се најдалеку оставени.Суштинската промена во посветеноста, солидарноста, финансирањето и делувањето е критична. Составен дел на ова е вклучувањето на гласовите, потребите и приоритетите на глобалната заедница на лицата со попреченост во сета нивна различност.Охрабрувачки е тоа што со усвојувањето на Политичката декларација на неодамнешниот Самит за ЦОР, светските лидери повторно се обврзаа на постигнување одржлив развој и заеднички просперитет за сите, со фокусирање на политиките и активностите што ги таргетираат најсиромашните и најранливите, вклучително и лицата со попреченост.Ова бара повторно засилени напори од страна на земјите-членки, системот на Обединетите нации, граѓанското општество и глобалната заедница на лицата со попреченост, преку засилени акции и меѓународна соработка, да ги направат ЦОР реалност за, со и од лицата со попреченост.

Извор: United Nations - https://www.un.org/en/observances/day-of-persons-with-disabilities

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести