• 26.09.2024

26-ти Септември- Светски ден на контрацепција


 

Светскиот ден на контрацепција е глобален настан посветен за подигање на свеста за контрацепција и зајакнување на поединците со една цел а тоа е да  направат правилен избор за репродуктивно здравје. Овогодинешното одбележување игра клучна улога во промовирање на безбедни и ефективни методи на контрацепција, намалување на несаканата бременост и подобрување на вкупните резултати од јавното здравје.

Сите луѓе имаат право  да одредат  што е најдоброто за нивниот живот  а тоа вклучува дали, кога да имаат деца,  колку и со кого е од големо значење.   Создадените програми за сексуално и репродуктивно здравје кои ги почитуваат правата на поединецот придонесуваат за позитивни резултати и поголема грижа  за сексуалното здравје. Високо квалитетните услуги за планирање на семејство и луѓето кои ги испорачуваат, ги почитуваат, штитат и исполнуваат човековите права на сите лица.

Жените, мажите и паровите имаат повеќе  опции од кога било за безбедни и ефективни контрацептивни методи, за намалување на ризикот од несакана бременост.

Спречување на несакана бременост помага да се намали лошото здравје на мајките и бројот на смртни случаи поврзани со бременоста. Одложување на бременоста кај младите девојки кои се изложени на зголемен ризик од здравствени проблеми од раното раѓање и спречување на бременоста кај постарите жени кои исто така се соочуваат со големи ризици, се важни здравствени придобивки од планирањето на семејството. Со намалување на стапката на несакана бременост, контрацепцијата исто така ја намалува потребата за небезбеден абортус и го намалува преносот на ХИВ од мајки на новороденчиња. Ова исто така може да биде од корист за образованието на девојчињата и да создаде можности за жените целосно да учествуваат во општеството.

Како правилно да се одбере контрацепција?

Кога одбирате метод кој ви одговара вам и на вашите потреби, важно е да имате точни информации. Доколку имате партнер, зборувајте со него отворено за опциите.

Прашања за кои можеби размислувате :

·         Колку овие методи навистина функционираат

·         Зошто треба да се користи контрацепција – некои луѓе користат контрацепција за хормонални придобивки (како што се обилни менструални крварења, прескокнување на циклус, ендометриоза или пак акни)

·         Можни несакани ефекти

·         Лесно користење

·         Трошоци

·         Вашето општо здравје – како што се други здравствени состојби, тековно лекување и третман

·         Твојот животен стил и врска со партнерот

·         Сигурност и ризик од сексуално преносливи инфекции

·         Дали сакаш да забремениш

·         Дали можете само да го прекинете методот или треба да посетите гинеколог

·         Вложено време и труд

Некои методи на контрацепција бараат повеќе напор од другите. Измерете ги добрите и лошите страни и размислете како секој метод ги задоволува вашите сегашни или пак идни потреби. На пример ако се одлучите за таблети треба да запомните дека има посебен начин на пиење. Ако изберете имплант или спирала, откако ќе се вметне може да трае неколку години. Освен ако нема проблеми и не треба да се замени порано од пропишаното.

Разговарајте за опциите со вашиот гинеколог или со вашиот матичен (општ) лекар.

Сите лица кои бараат контрацептивна заштита имаат потреба од пристап до соодветно советување и услуги кои ги поддржуваат вредностите, целите и репродуктивната автономија на личноста. Давателите на здравствена заштита можат да ги поддржат потребите за контрацепција на сите лица со користење на рамка, метод насочен кон индивидуата и со препознавање на многу фактори кои влијаат на индивидуалното одлучување за контрацепција.

Пристапот до модерна контрацепција може да биде ограничен од неколку фактори

Ø  Ограничен пристап до услуги за сексуално здравје

До 2030 година дополнително 70 милиони жени треба да користат модерен метод на контрацепција. Сепак пристапот и употребата на контрацепција останува поврзан со социо-економските и територијалните нееднаквости. Местото на живеење и економскиот стандард на едно домаќинство или ја поттикнува или напротив ја попречува употребата на контрацептивни методи.

Ø  Социо-економски фактори

Непривилигирано население кое живее на периферијата на градовите и во селата генерално се далеку од услугите за планирање на семејство. Како резултат на тоа, младите жени со ниски примања доживуваат несразмерно високи стапки на несакана бременост особено поради високите економски трошоци за контрацепција. Во најнеразвиените земји, 15% од жените имаат незадоволена потреба за планирање на семејство во споредба со 7% од жените во поразвиените области. Секоја година 74 милиони жени кои живеат во земји со низок и среден приход случајно забременуваат. Како резултат на тоа секоја година се случуваат 25 милиони небезбедни абортуси и 39.000 смртни случаи на мајки според податоците на Светската здравствена организација.

Ø  Географски разлики и  недостаток на услуги за планирање на семејство

Нееднаквостите во пристапот до контацепција се надополнувааат со географските разлики. На пример, процентот на незадоволени потреби за планирање на семејство на африканскиот континент е 25%,во споредба со 13% во југоисточна Азија,10% во Европа,8% во Америка и 4% во Западен Пацифик.

Ø  Лош квалитет на услугите

Пристап до достапни услуги за планирање на семејството е од клучно значење за да се постигне агендата за целите на оддржлив развој. Според студијата на СЗО на Филипините само 3% од жените кои сакале да ја одложат или да ја ограничат бременоста добиле совет за контрацепција за време на посета на здравствена установа. Сетоа тоа води до над 600.000 небезбедни абортуси на Филипините секоја година.

Планирање на семејството  го подобрува физичкото и менталното здравје и го намалува морбидитетот и морталитетот кај мајките и доенчињата. Исто така  влијае и врз спречување на несакана бременост и небезбеден абортус. Несаканата бременост е поврзана со зголемени ризици. Жените во репродуктивниот период редовно треба да разговараат за контрацепција со здравствен работник.

Во Република Северна Македонија од Извештајот на службата за здравствена заштита на жените при регистрираните  гинеколошки посети се ординирани следниве контрацептивни средства:

Пријавени гинеколошки посети при кои се ординирани контрацептивни средства во Република Северна Македонија, 2007 и 2023 година

2007

2023

Индекс  2007/2023 посети

Индекс 2007-2023 Орални контрацептивни сретства

 

Вкупно посети

посети при кои се ординирани контрацептивни средства

посети за други услуги

Вкупно посети

посети при кои се ординирани контрацептивни средства

посети за други услуги

 

орални

ИУВ

дијафрагма

др. локални

орални

ИУВ

дијафрагма

др. локални

 
 

9162

2389

882

26

228

5637

7460

2315

476

31

181

4457

81,4

96,9

 

Извор: Оддел за здравствена статистика и публицистика,

Институт за јавно здравје на РСМ

 

Новиот извештај на Светската здравствена организација открива висока стапка на незаштитен секс помеѓу адолесцентите низ Европа вклучувајќи ја и Северна Македонија со значителни импликации за здравјето и безбедноста. Извештајот на СЗО за Европа открива дека употребата на кондоми кај сексуално активните адолесценти значително се намалила oд 2014 година а стапката на  незаштитен секс е високо загрозувачка. Ова ги става младите во значителен ризик од сексуално преносливи инфекции и непланирана бременост. Новите податоци беа објавени како дел од  студија за здравственото однесување кај децата на училишна возраст (HBSC)  во која  биле анкетирани над 242 000 адолесценти, на 15 годишна возраст во 42 земји и региони во периодот од 2014-2022 година меѓу кои и адолесценти од Северна Македонија.

Клучните наоди од извештајот  покажуваат:

·          Намалување на употреба на кондоми: Процентот на сексуално активни адолесценти кои користеле кондом при последен однос паднал од 70% на 61 % кај момчињата и  од 63%  на  57% кај девојчињата во период  помеѓу 2014 и 2022 година.

·         Висока стапка на незаштитен секс: Речиси една третина (30%) од адолесцентите кои се сексуално активни изјавиле дека не користат ниту кондом ниту контрацептивни таблети. Адолесцентите од Северна Македонија се  наоѓаат на високото 4то место.

·         Социо-економски разлики: Адолесцентите од семејства со ниски примања имале поголема веројатност да изјават дека не користеле кондом или контрацептивни таблети на нивниот последен сексуален однос одколку нивните врсници од добро ситуирани семејства (33% во споредба со 25%).

·         Употреба на контрацептивни таблети: Извештајот покажува дека употребата на контрацептивни таблети за време на последниот сексуален однос останала релативно стабилна помеѓу 2014 и 2022 година при што 26% од 15 годишните адолесценти пријавиле дека тие или пак нивните партнери користеле контрацептивни таблети при сексуален однос.

Препораки за сеопфатно сексуално образование

Наодите ја нагласуваат важноста од обезбедување сеопфтно образование за сексуално здравје и ресурси за младите луѓе. За тинејџерите од особено значење е да имаат пристап до точни информации за сексуалното образование со цел донесување на правилни одлуки за своето здравје. Сеопфатно сексуално образование е клучно за затворање на празнините и зајакнување на младите луѓе да донесуваат правилни одлуки за сексот особено во ранливиот период од нивниот живот како што е преминувањето од  адолесценти во зрели личности.

Отворен дијалог: Поттикнување на отворени и искрени разговори за сексуалното здравје во семејствата, училиштата и заедниците, со цел да се намали стигмата и да се зголеми свеста.

Обука за едукатори: Обезбедување на специјализирана обука за наставниците и давателите на здравствена заштита за да обезбедат ефективно и инклузивно сексуално образование. Таквите ресурси треба да бидат достапни и во училишни и вон училишни услови.

Институтот за јавно здравје на РСМ склучи меморандум за соработка со невладина организација HERA со цел формирање на веб страна kontracepcija.mk . Целта на  веб страната е младите да добијат стручни и точни одговори на нивните прашања, да се информираат за сексуалното и репродуктивното здравје од правилни извори, како и  да се запознаат со методите на контрацепција како ефикасна заштита од непланирана бременост и како да се грижат за своето здравје.

За повеќе информации и совети преминете на : kontracepcija.mk

 

Подготвил:

Оддел за здравствена промоција и следење на болести