- 08.10.2024
Состанок со координаторот на центар за итни случаи на СЗО за Балканот
Директорката на ИЈЗ, д-р сци. Марија Андоновска имаше координативен состанок со д-р Абебајеху Менгисту (Dr. Abebayehu Mengistu), координатор на центар за итни случаи на СЗО за Балканот и д-р Арта Кули, национално стручно техничко лице за итни случаи при Канцеларијата на СЗО во Скопје, каде што разговараа за тековната работа и иницијативи кои се планираат да се спроведуваат во соработка со експертите од ИЈЗ.
Состанокот се одржа на 7.10.2024 во просториите на ИЈЗ, а на него присуствуваа и проф. д-р Голубинка Бошевска, проф. д-р Игор Спироски, асс. д-р. Драган Кочински и дипл. спец. лаб Милица Стојановиќ Симова.
Целите на овој состанок го вклучуваат следново:
* Преглед на програмските активности на СЗО за здравствени итни случаи (WHE).
Брифинг за тековните и планираните активности на WHE во подрегионот, со акцент на клучните достигнувања и тековните напори во согласност со регионални и глобални обврски.
Преглед на заедничките активности преземени од СЗО и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
* Зајакнување на соработката и координацијата
Разговор за потенцијалните можности за продлабочување и унапредување на соработката и координацијата меѓу СЗО и ИЈЗ.
* Усогласување со стратешките приоритети на ИЈЗ
Истражување на стратешките приоритети на ИЈЗ за следните две години и идентификување на областите каде што СЗО може да обезбеди насочена поддршка, за да помогне во постигнувањето на националните и регионалните здравствени безбедносни цели.
* Следни чекори
Воспоставување јасни следни чекори за операционализација на договорените иницијативи, вклучувајќи временски рокови и потенцијални области за идни заеднички активности.


