ПОДГОТОВКИ ЗА ПАТУВАЊЕ

 

ГЕНЕРАЛНИ НАСОКИ

ПРЕД ПАТУВАЊЕТО

  • Избегнувајте патување кога сте болни;
  • Посетете го вашиот лекар, најдобро 4 до 8 недели пред патувањето, и информирајте го за вашиот план на лет/патување. Прашајте за совет за заштита од болести и повреди;
  • За време на патувањето, може да имате потешкотии, или нема да можете да ги најдете лековите кои обично ги примате. Побарајте совет од вашиот лекар за кои лекови, и во кое количество, треба да понесите при патувањето, вклучувајќи и во вашиот рачен багаж;
  • Спаковајте ги вашите лекови во согласност со упатствата на производителот, во оригиналното пакување;
  • Јадете пред патувањето. Јадете она што јадете вообичаено, избегнувајте масти бидејќи тие може да предизвикаат непријатност за време на патувањето.

За време на летот

  • Следете ги правилата на авио-компанијата за превоз на предмети и течности;
  • Доколку почувствувате било каква промена во вашата здравствена состојба за време на патувањето, информирајте го екипажот;
  • Сите бремени жени треба да се консултираат со својот лекар пред да заминат, бидејќи тие се предмет на различни ризици, а патувањето може да влијае на нивната безбедност и комфор;
  • Пред да патувате, прашајте во компанијата дали имаат специфични правила за бремени жени.

по пристигнувањето

  • Обезбедете си безбеден и здрав престој во Бразил, распрашувајте се однапред за дестинациите во земјата, бидејќи има разлики во климата, храната и културните навики;
  • При одлучувањето за вашиот план на лет/патување, планирајте ги активностите од интерес и преземете соодветни превентивни здравствени мерки;
  • Прашајте за местото каде што се патува. Дознајте дали постои ризик од болест и потреба за вакцинација или други превентивни мерки;
  • Посетете го вашиот лекар, најдобро 4 до 8 недели пред патувањето, и информирајте го за      вашиот план на лет/патување. Прашајте за совет за заштита од болести и повреди;

зика вирус

 Без оглед на дестинацијата или целта на посетата на Бразил, важно е патниците да преземат мерки за да се заштитат од Aedes aegypti комарците.

Останете во области кои имаат заштитни паравани за врати и прозорци, особено ако сте далеку од главните градови. Климатизацијата и мрежите на прозорци и врати се, исто така, заштитни бариери против комарци.

Секогаш кога е можно, заштитете го вашето тело со светло обоена облека со долги ракави, панталони, чорапи и затворени чевли. Користете репеленти на изложената кожа, следејќи ги упатствата на производителот.

Вирусот Зика исто така, може да се пренесе преку сексуален однос, па затоа се препорачува да се користат кондоми за време на сексуални односи.

Црвен осип, чешање, температура (висока или ниска), болки во телото и очите се симптоми кои можат да бидат поврзани со Денга, Чикунгуња или Зика вирусна инфекција. Ако имате било кој од овие симптоми, не земајте лекови на своја рака, барајте итна здравствена помош во Бразил и закажете кај лекар. Се препорачува да се пијат многу течности.

Бремени жени

 

 Важно е да се напомене дека, во секоја ситуација, бремените жени треба да се консултираат со лекар пред да патуваат и да бараат посебна грижа за време на патувањето.

Тие треба да користат само репеленти дозволени за време на бременоста (DEET, icaridin or picaridin and IR 3535 ou EBAAP), да носат облека со долги ракави и да остануваат во места со заштитни мрежи и да избегнуваат области со повисока инциденца на Зика вирус и маларија.

Тие треба да избегнуваат места со комарци без препорачаните мерки за заштита, и места каде што има повеќе инсекти.

Регистрирани се и Зика-случаи со пренос на вирусот помеѓу партнерите за време на сексуален однос, па потребно е секогаш да се користи кондом.

Ако постои било каква промена во вашата здравствена состојба, пријавете го тоа на здравствените работници за следење на бременоста. Се препорачува да се пијат многу течности.

вакцини

Во Бразил не постои обврска да се поседува сертификат за вакцинација на влез во земјата. Министерството за здравство им препорачува на туристите да ги обноват своите вакцинални картички во согласност со насоките на календарот за вакцинација во нивната земја на потекло или местото на живеење, најмалку 10 дена пред патување.


Жолта треска

Ако планирате било каков вид на еко-туризам во руралните области или шуми (Области со Препорака за вакцинација – ACRV), вакцината против жолта треска е високо препорачлива. Една доза треба да се прими најмалку 10 дена пред датумот на поаѓање.

Важна информација

Бразил бара меѓународна потврда за вакцинација и профилакса (ICVP) привремено и ограничено на патниците кои доаѓаат од Ангола и Демократска Република Конго.

Оваа одлука уследи по препораката издадена од страна на Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), поради тековната епидемија на жолта треска во овие две африкански земји.

Значи патници, делегации и спортисти кои доаѓаат или транзитираат кон Ангола и Демократска Република Конго, мора да имаат ICVP со датум вакцинација, најмалку 10 дена пред патување.

Министерството за здравство им препорачува на туристите да ги обноват своите вакцинални картички, за следните болести:

• ИНФЛУЕНЦА (Грип): Бразил врши вакцинација на ризичните групи во периодот од 18 април – 20 мај 2016 година, пред периодот на најголема инциденца на болеста.

• МАЛИ СИПАНИЦИ: Во Бразил вирусот на мали сипаници веќе не е ендемиски. Сепак, населението е вакцинирано да се спречи вирусот да се врати во земјата, со оглед дека се уште влијае на другите делови од светот.

• РУБЕОЛА: Бразил е официјално земја ослободена од рубеола и конгенитален рубеола синдром (КРС) и не се пријавени случаи на ендемски пренос. Вакцината се уште е од суштинско значење за да се избегне повторно јавување на болеста.
• ХЕПАТИТИС A: Бразил препорачува претходна вакцинација, бидејќи може да се добие хепатит А преку контаминирана храна или вода, без оглед на земјата од која патникот доаѓа.

• ХЕПАТИТИС Б: Можете да добиете хепатитис Б преку сексуален контакт, контаминирани игли и крвни продукти. Бразил препорачува вакцинација ако се тетовирате или ви се прави пирсинг, или ако сте бремени.

МАЛАРИЈА

 

Во Бразил, преносот на маларијае концентриран во регионот на Амазон (Acre, Amapá, Amazonas, Maranhão, Mato Grosso, Pará, Rondônia, Roraima and Tocantins). Во овие области, комарците кои предизвикуваат маларија се најактивни од доцна попладне до разденување.

Како да се спречи каснување од комарци/заразување?

1 – Носете светло обоена облека и со долги ракави за време на активностите со голема изложеност.
2 – Нанесете репелент на изложената кожа, следејќи ги упатствата на производителот.
3 – Обрнете внимание на појавата на симптоми на маларија, како што се: треска, болки на телото и главоболка.
4 – Ако имате некои од овие симптоми, веднаш побарајте здравствена помош.

Внимавајте! Маларијата може да убие.

Извор: По препорака  на Бразилскиот Национален Фокал Поинт за Меѓународен Здравствен Правилник

Traveler’s Health at The Olympic Games and Paralympics

http://portalsaude.saude.gov.br/index.php/o-ministerio/principal/secretarias/svs/viajante-en/preparations-for-the-trip

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

 

Кои здравствени мерки треба да се преземат пред патувањето?

Важно е да се знае однапред кои здравствени мерки кои треба да се преземат. Потребно е да закажете состанок со вашиот лекар за преглед, особено ако сте болни. Избегнувајте патувањедоколку имате било каква акутна заразна болест. Ако ви треба да користите лекови за време на патувањето, носете рецепт со вас. Не заборавајте да спакувате доволно лекови за целото патување.

Дали треба да се закаже преглед кај доктор дури и ако се работи за жител на Бразил?

Да. Многу луѓе се чувствуваат побезбедни кога патуваат на дестинации во близина на местото каде што живеат иако со тоа ја зголемуваат изложеноста на одделни ризици, како што се на пример, невнимателност при конзумирање на храна и пијалаци или некористење на репеленти за инсекти. Покрај тоа, се работи за голема земја со големи промени на климата и различни здравствени предизвици од една до друга држава/област. Медицината при патувања ги зема во обзир овие и други важни фактори при пресметка на ризиците и превенцијата. Заради ова, секогаш се стави фокусот на заштита, дури и ако некој се враќа во својот роден град после години живот во друга област или држава.

Јас сум бремена, дали можам да патувам со авион?

Лекарите советуваат патување со авион само од третиот до седмиот месец (по можност до 32 недели). Пред тоа фетусот е сѐ уште во развој, а по овој период постои ризик од предвремено породување. Жените со близначна бременост (две или повеќе деца) треба да се екстра внимателни. За нив, не е препорачливо да патуваат заклучно со 28-та недела.

IATA (Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт) им препорачува на авиокомпаниите да побараат медицинска дозвола за бремените жени кои патуваат заклучно со 36 недела (32-та во случај на близначна бременост). Многу компании имаат вакви побарувања, но неделата на бременост може да се разликува.

Што треба да правам ако се разболам за време на летот?

Доколку Ви се јават симптоми на болест додека сте во авионот, пријавете на персоналот кој ќе преземе соодветни мерки и ќе ги известуви здравствените установи на локацијата каде што се пристигнува. Во патувања кои траат повеќе од четири часа, продолжената неподвижност го зголемува ризикот од венска тромбоза. Затоа, обидете се да се вежбате на секои два или три часа.

Дали ми се потребни некакви вакцини за влез во Бразил?

Во моментов, СЗО бара вакцинација против жолта треска како услов за влез во земјите потписнички на Меѓународниот Здравствен Правилник кои ја прифатиле оваа мерка. Бразил нема барање за вакцинација за патниците. За дополнителна заштита на вашето здравје, се препорачува да се носи вакциналниот картон кој е соодветно ажуриран, особено за примени вакцини против жолта треска, грип и мали сипаници. Важно е да се напомене дека за да се постигне потребната заштита, секоја вакцина треба да се прими од десет дена до шест недели претходно.

Бразил бара меѓународна потврда за вакцинација и профилакса (ICVP) привремено и ограничено на патниците кои доаѓаат од или одат кон Ангола и Демократска Република Конго. Оваа одлука уследи по препораката издадена од страна на Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), поради тековната епидемија на жолта треска во овие две африкански земји. Затоа, патниците, делегациите и спортисти кои доаѓаат или транзитираат кон Ангола и Демократска Република Конго, мора да има ICVP со датум на вакцинација против жолта треска најмалку 10 дена пред патувањето.

Каде можам да најдам здравствени услуги за патници?

Листа на здравствени установи со здравствени услуги за патници (на Португалски)

http://portalsaude.saude.gov.br/images/pdf/2016/junho/06/Centros-saude-do-viajante.pdf

Дали треба да се консултирам со лекар пред патувањето?

Медицинскиот совет е важен чекор во планирањето на патувањето. Ризикот од болест зависи од повеќе фактори како што е подложноста на поединецот (вакцинација и историја на болеста, коморбидитети и употреба на лекови) и карактеристиките на патувањето (маршрутата, време од годината, траење, тип на активност, услови за сместување, достапност на здравствена заштита).

Пред патување, лицата со хронични болести треба да се консултираат со својот лекар, да добијат информации за квалитетот на медицинска нега во дестинацијата и да го проверат патничко осигурување. Промените во исхраната, физичката активност, надморската височина, температурата и временската зона може да ги влошат претходно постоечките болести.

Во планинските предели, дури и за здрави лица, постои ризик поврзан со висината (http://www.cives.ufrj.br/informacao/altitude/altitude-iv.html) и прекумерната изложеност на сончева светлина

(http://www.cives.ufrj.br/informacao/ls/luzsolar-iv.html).

Совети до патниците:

Ризикот од насилство и несреќи секогаш треба да се земе во предвид при патувањата. Насекаде во светот, патникот може да биде жртва на напад, кражба и сексуално насилство. Патниците треба да бидат претпазливи кога се движат околу дестинацијата. Факторите како што се возење во непознат правец, возење со лева рака, прекумерен замор и алкохол можат да придонесат за појава на сообраќајни несреќи што е главна причина за хоспитализација и смрт кај патниците. Ангажирање во водни активности (пливање, нуркање, едрење) е многу честа појава за време на патувањето, особено меѓу младите луѓе, а давењето е втората најчеста причина за смрт меѓу патниците.

Важни web-страни:

 

ЗДРАВСТВЕНИ СЛУЖБИ

 

За дополнителни информации за локација на здравствените служби Во Рио Де Жанеиро и околината отворете ја мапата на цитираната веб страна.

 

 

 

Извор: По препорака  на Бразилскиот Национален Фокал Поинт за Меѓународен Здравствен Правилник

Traveler’s Health at The Olympic Games and Paralympics

http://portalsaude.saude.gov.br/index.php/o-ministerio/principal/secretarias/svs/viajante-en/preparations-for-the-trip