Во периодот од 11-18.10.2019 не се пријавени нови случаи на мали сипаници. Сомнителниот импортиран случај пријавен минатата недела согласно негативниот лабораториски резултат е отфрлен.
Заклучно со 18.10.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката останува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители.
Сеуште е во тек епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија.
Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој циркулира и во соседните држави.
Во 41-ва недела во државата вакцинирани се вкупно 610 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 41.623 (во вкупниот број на вакцинирани се вклучени и пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина).
Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.291 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.
Сектор за контрола и превенција на заразни болести
ИЈЗ Скопје
22.10.2019