И Н Ф О Р М А Ц И Ј А за состојбата со мали сипаници во Република Северна Македонија во 2018-2019 година, 02.05.2019
Во периодот од 26.04-02.05.2019, пријавени се вкупно 110 нови случаи на мали сипаници.
Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 46 случаи се од Скопје, а останатите 64 се од 8 други градови во С. Македонија – Куманово (25), Струга (10), Тетово (9), Гостивар (8), Кичево (8), Велес (1), Крива Паланка (1), Валандово (1) и Кратово (1).
Во тек на оваа недела најголем број на случаи (73) се на возраст над 20 години.
Според вакциналниот статус, 84 односно 76,4% од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Вкупно, од почетокот на епидемијата во декември 2018 заклучно со 02.05.2019, во Република Северна Македонија регистрирани се 1.285 случаи на мали сипаници со стапка на заболување од 62,1 на 100.000 жители.
Во тек е епидемија на мали сипаници во цела територија на Македонија.
Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 21 град од Македонија, од нив 797 случаи се од Скопје, Куманово – 134, Тетово – 108, Струга – 71, Кичево – 38, Гостивар – 35, Велес -26, Гевгелија – 18, Дебар – 17, а во останатите градови се регистрираат по помалку од 10 случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Скопје 129/100.000, Струга 104,6/100.000 и Куманово 93,9/100.000 (Графикон 1).
Графикон 1.Географска дистрибуција на случаи на мали сипаници во Македонија, декември 2018 – април 2019
Најголем број на случаите се од возрасната група над 30 години – 555, а вкупната стапка на заболување кај оваа возрасна група изнесува 43,6 на 100.000 жители. Пријавени се 217 деца на возраст под една година каде што се регистрира стапка на заболување од 928,4 на 100.000 жители. Децата на возраст 1-4 години се регистрираат со 211 случај и втора највисока стапка на заболување од 227,3 на 100.000 жители (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од мали сипаници во Македонија според возраст, декември 2018-април 2019 (n=1285)
Според вакциналниот статус, 978 или 76,1% од заболените лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 217 (16.9%) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.
Од вкупно 211 заболено дете на возраст од 1-4 години, 88,2% се невакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од 747 заболени кај лицата над 20 годишна возраст, 65,9% се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Од пријавените случаи, 546 или 42,5% биле хоспитализирани, а кај 215 (17,4%) се регистрирани компликации. Од нив, најголем број компликации – 56 или 26% биле кај деца на возраст под една година а 43 (20%) кај деца на возраст од 1-4 години, што укажува дека оваа возрасна група е најзасегната и подложна на компликации.
Во Скопје од почетокот на епидемијата, вкупно се вакцинирани 13.375 деца до 14 –годишна возраст.
Во останатиот дел од државата, вкупно се вакцинирани 9.555 деца до 14-годишна возраст со прва или втора доза.
Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 22.930.
Сектор за контрола и превенција на заразни болести
ИЈЗ Скопје