Во периодот од 27 – 29 Мај 2019 год.  експертски тим од Светска здравствена организација (СЗО) спроведе мисија за проценка на Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при   Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ) со цел да се проверат и верифицираат капацитетите на лабораторијата и на државата  за да стане член на  Глобалниот систем за надзор и одговор на грип и глобалната мрежа на  СЗО признаени националени центри за грип (НЦГ= NIC- National Influenza Center ) .

Мисијата на СЗО потврди дека Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика предводена од  доц др Шабан Мемети, директор на ИЈЗ и доц др. Голубинка Бошевска, началник на лабораторијата, во целост ги исполнува стандардите на СЗО. Лабораторијата е препознаена како Национален Инфлуенца Центар и стана рамноправен член на Глобалниот систем за надзор и одговор на грип (ГИСРС).

timot od IJZ so SZO misijata

Станува збор за многу важно признание за македонското јавно здравство во однос на квалитетот на  дијагностиката и резултатите кои што се добиваат од оваа лабораторија.  Исполнети се високите критериуми на СЗО од аспект на едуциран кадар, опрема,техники на работа,  реагенси, и  ниво на безбедност во лабораторијата, за брза, навремена и веродостојна дијагноза не само на сите сезонски хумани и анималните типови на вируси на грип, туку и на други  вирусни, високо патогени агенси, значајни за јавното здравје, еквивалентни на тие во останатите Национални Инфлуенца Центри во Европа и светот.

Оваа лабораторија активно е вклучена во предвидувањето на соевите на грип кои ќе циркулираат во Македонија и во Европа и во одредувањето на соевите кои ќе бидат вклучени во креирањето на вакцините за грип за следната сезона. Со тоа нашата земја дирекно е вклучена во превенцијата на грипот.

so mz

Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика  е  референтна лабораторија во земјата за детекција на вирусни заболувања, вклучувајќи  грип, морбили и рубеола, арбовируси (западно нилска треска, усуту вирус, вирус на крлежен енцефалкит, ЗИКА, вирус на рифт валеј треска и др), вируси на хеморагични трески (хантавирус, кримско конгоанска треска) и други.

Процесот на унапредување на капацитетите на лабораторијата е континуиран, особено со интензивирање на соработката со СЗО, Центарот за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ- Атланта), Здружението на јавно-здравствени лаборатории на САД, Центарот за надзор и контрола на инфективни болести на Југоисточна Европа (СЕЦИД)  и други меѓународни партнери кои обезбедија едукација и техничко- технолошка помош во развојот на капацитетите на оваа лабораторија.

 

ПРЕВЗЕМИ PDF- СЗО номинација