Светскиот ден на одржување хигиена на рацете – 5 мај, годинава се одбележува со цел подигнување на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции.

 

race 1

 

Овој ден е посебно значаен  во време кога светот се соочува со пандемија и преку него се акцентира хигиената на рацете како една од основните превентивни мерки за заштита од вирусот.

Иницијативата на СЗО и УНИЦЕФ за хигиена на рацете за сите има за цел да обезбеди имплементација на глобалните препораки на СЗО за хигиена на рацете за спречување и контрола на пандемијата на КОВИД-19 и одржливост за подобрување на хигиената на рацете во земјите како стожер на пошироката превенција и контрола на инфекциите и напори за вода, санитација и хигиена .

Но, како може спроведувањето на хигиената на рацете да биде успешно?

Упатствата на СЗО за хигиена на рацете во здравствената заштита им овозможуваат на здравствените работници, болничките администратори и здравствените власти детален преглед на доказите за хигиената на рацете во здравствената заштита и специфични препораки за подобрување на практиките и намалување на преносот на патогени микроорганизми на пациентите. Сегашните упатства се наменети да се имплементираат во секоја ситуација во која здравствената заштита се доставува или на пациент или на одредена група од популација. Затоа, овој концепт се однесува на сите поставувања каде што здравствената заштита се врши трајно или повремено, како што е домашна нега од страна на придружници.

Во контекст на превенција од Ковид-19, рацете задолжително треба да се мијат често, а особено по секнење на носот, кашлање или кивање, по посета на јавен простор, присуство во јавен превоз, по посета на пазари и верски објекти, по допирање површини надвор од дома, вклучувајќи и пари, пред, по и за време на грижа за болно лице, пред и по јадење, по употреба на тоалет, ракување со отпад, допирање животни и домашни миленици, менување пелени или помош на деца при одење во тоалет итн.

Честата и темелна хигиена на рацете е една од најефективните мерки за превенција од дијареја, од воспаленија на белите дробови, но и низа други инфекции кои можат да имаат и фатални последици.

Респираторните вируси како коронавирусот се шират преку слуз или капки што го содржат вирусот, а во организмот навлегуваат преку очи, нос или грло. И ова многу често се случува преку рацете.

Хигиената на рацете е едноставно и ефективно решение на намалување на ширењето на инфекции и мултирезистентни бактерии и заштита на пациентите од интрахоспитални инфекции.  Секој здравствен работник како и секое лице кое е  директно или индиректно  вклучено во грижата за болните,  мора да обрнува внимание на хигиената на рацете и правилно да ја практикува.

Како? Со чистење на рацете со триење со дезинфициенс за раце на база на алкохол. Тоа е брз и ефективен начин на чистење на рацете кои не се видливо валкани, и рацете добро го толерираат. Кога рацете се видливо нечисти, особено со крв или други телесни течности, или по користење на тоалет, треба да се  измијат со сапун и вода.

Во насока на поддршка на промоцијата на хигиената на рацете и подобрување на услугите на здравствените институции насекаде во светот, СЗО го издаде Водичот за хигиена на рацете во здравствени институции. Истакнати се 5-те моменти кога хигиената на рацете мора да се изврши независно дали се користат ракавици за еднократна употреба или не, а тоа се:
Момент  1. Пред контакт со пациентот
Момент  2. Пред извршување чисти/асептички постапки
Момент  3. По ризик од изложеност на телесни течности
Момент  4. По контакт со пациентот
Момент  5. По контакт со околината на пациентот

Населението треба да ги спречи инфекциите со редовно  чистење на своите раце во својот дом, на своето работно место, на училиште и др.

race 2

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести