СОСТОЈБА СО ГРИП/ ЗАБОЛУВАЊА СЛИЧНИ НА ГРИП ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СЕЗОНА 2019/2020  (2-ра недела, до 12.01.2020)

Неделни податоци

Во текот на 2-ра недела од 2020 година (06.01–12.01.2020), пријавени се 583 (I=28,2/100.000) случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 2,8 пати во споредба со минатата недела (n=207).

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 2-ра недела од минатата сезона (n=378) е зголемен за 54,2%, а во споредба со бројот за 2-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 9 сезони) (n=1.163) се регистрира намалување од 49,9% (Графикон 1).

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=36,4/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип (Графикон 1).

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнати се 18 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, пет (27,8%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – 3 Influenza A/H1pdm и 2 Influenza А несубтипизиран.

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични

                        на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2019, сезона 2018/2019 и сезона 2019/2020

week2_graph1

Како и претходните, така и во 2-ра недела најголем број случаи (n=375; 64,3%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 49,1/100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст од 0-4 години (Графикон 2).

Графикон 2. Неделна дистрибуција на случаите сезонски грип/заболувања слични на грип по возрасни групи – инциденца на 100.000 жители, сезона 2019/2020

week2_graph2

Оваа недела пријавени се случаи од 18 извештајни единици, од кои во 9 извештајни единици бројот на пријавени е ≥10. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица (n=166), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива ПЕ Дебар (I=209,0/100.000 жители) со 58 пријавени случаи.

Во 13 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска активност, во 3 е регистрирана сезонска (ниска), а во 2 – Струмица и Дебар – средна активност на вирусот на грип (Картограм 1).

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 2 недела 2020

week2_map

Кумулативни податоци

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 1.618 (I=78,2/100.000).

Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=1.792), постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 9,7%, а во однос на моделот од последните 9 сезони (n=3.286) се регистрира намалување од 50,8%.

Кумулативно оваа сезона, пријавени се случаи од 23 извештајни единици.

Најголем број на случаи се регистрирани во ПЕ Гостивар (n=337), ЦЈЗ Струмица (n=337) и ЦЈЗ Скопје (n=236) (Графикон 3).

Највисока кумулативна инциденца од 486,4/100.000 жители е регистрирана во ПЕ Дебар каде се регистрирани вкупно 135 случаи. Кумулативна инциденца над 100,0/100.000 жители е регистрирана во ЦЈЗ Струмица, ПЕ Гостивар, ПЕ Свети Николе, ПЕ Радовиш, ЦЈЗ Прилеп и (Графикон 3).

Графикон 3. Дистрибуција на случаите на сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ и инциденца на 100.000 жители, сезона 2019/2020

week2_graph3

Во однос на дистрибуцијата на случаите по возрасни групи, кумулативно најголем број се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 984 (60,8%), а највисока кумулативна инциденца од 170,4/100.000 се регистрира кај децата од 0-4 години (Графикон 3).

 

Дистрибуција на случаите од сезонски грип/ заболувања слични на грип по месеци е дадена на Графиконот 4.

Графикон 4. Дистрибуција на случаите на сезонски грип по месец на пријавување, сезона 2019/2020

week2_graph4

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Од почетокот на сезоната 2019/2020, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнати се вкупно 106 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти од редовниот и од сентинел надзорот, од кои 6 (5,7%) се позитивни на присуство на вирусот на инфлуенца:

Influenza A/H1pdm – 3

Influenza A/H3 – 1

Influenza А несубтипизиран – 2

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Бројот на регистрирани случаи на грип е под неделната граница на сезонска активност, иако се регистрира зголемување во однос претходната недела. Процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор оваа недела е 27,8% што укажува на зголемена активност на вирусот на грип. Се очекува пораст на активноста на вирусот на грип во текот на следните недели.

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО): постарите лица (над 65 години); деца на возраст од 6-59 месеци; лица постари од 6 месеци со хронични болести; бремени жени; и здравствени работници.

 

 

За сезоната 2019/2020, Министерството за здравство набави бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 28.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 20.800 дози вакцина се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население и истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест.

Вакцинацијата со бесплатните и комерцијалните вакцини против инфлуенца се спроведува во ЦЈЗ/ПЕ, секој за своето подрачје. За територијата на Скопје, покрај ЦЈЗ Скопје, оваа сезона вакцинацијата се врши и во Поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и Чаир. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива кај матичен лекар, преку електронскиот систем „Мој Термин“.

Сите заинтересирани лица да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или матичниот лекар за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата на 15.11.2019, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 27.067 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини.

Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од извештаите на ЦЈЗ/ПЕ, вакцинирани се 14.286 лица. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 7.175 лица или 50,2%, на возраст од 30-64 години – 6.421 лица или 44,9%, додека на возраст од 5-29 години се вкупно 456 или 3,2%. Вакцинирани се 10 деца помали од 5-годишна возраст. Од категоријата на здравствени работници, вакцинирани се 221 лица или 1,5%. Вакцинирани се три бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 7.791 лица (54,5%) се со историја на хронично/и заболување/а.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 1-ва недела од 2020 година, активноста на вирусот на грип започна порано од претходните години, зголемувајќи се секоја недела, од 51-та недела наваму. Во земјите што обезбедија извештај, интензитетот се движи од базично до високо ниво, а географската распространетост, од спорадична до широко распространета активност на вирусот на грип.

Детекцијата на вирусот на грип во примероците од сентинел системот е над 10% од 47-мата недела од 2019. Во поголемиот дел од земјите доминантен е Influenza A вирусот, иако има земји каде доминира Influenza В или постои ко-циркулација на двата вируси. Меѓу Influenza A вирусите, ко-циркулираат A(H1N1)pdm09 и A(H3N2), а меѓу Influenza В, доминира линијата Victoria.

Во текот на 1-вата недела, процентот на позитивни тестирани пациенти од сентинел надзорот е 26,9%. Од почетокот на сезоната сентинел надзорот, 18,2% од тестираните се позитивни за присуство на инфлуенца вирусите:

  • Influenza A – 454 (66,9%):
    • A(H1N1)pdm09 – 967
    • A(H3N2) – 390
    • А несубтипизиран – 97
  • Inluenza B – 213 (33,1%):
    • Victoria lineage – 255
    • Yamagata lineage – 7
    • Неодредена линија – 951

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

 

Институт за јавно здравје