СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 27.07-02.08.2020
Тестирани се вкупно 9.709 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 912 нови позитивни случаи од 28 градови во државата (Табела 1), намалување од 4,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=254; 27,9%), Штип (n=111; 12,2%) и Гостивар (n=102; 11,2%).
Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 27.07-02.08.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 254 | 11 |
Штип | 111 | 3 |
Гостивар | 102 | 1 |
Куманово | 99 | 2 |
Тетово | 58 | |
Кичево | 55 | 3 |
Струга | 41 | |
Битола | 27 | 4 |
Кавадарци | 25 | |
Македонски Брод | 20 | 1 |
Виница | 15 | |
Охрид | 14 | |
Дебар | 14 | 1 |
Велес | 13 | |
Свети Николе | 10 | |
Демир Хисар | 10 | 1 |
Кочани | 10 | 1 |
Прилеп | 9 | 1 |
Пробиштип | 5 | |
Берово | 4 | |
Неготино | 4 | |
Ресен | 3 | |
Крива Паланка | 3 | |
Струмица | 2 | |
Кратово | 1 | |
Крушево | 1 | |
Радовиш | 1 | |
Гевгелија | 1 | |
Вкупно | 912 | 29 |
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 209 (22,9%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=177; 19,4%), 40-49 (n=163; 17,9%) и 50-59 (n=162; 17,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=46; 5,0%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 431 (47,3%) лица од женски и 481 (52,7%) од машки пол.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=860; 94,3%), регистрирани се 136 (15,7%) хоспитализирани, а кај 277 (32,2%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 328 (38,1%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 21 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.032 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 29 смртни случаи од 11 градови (Табела 1), намалување од 14,7% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=22; 75,9%). Од починатите, 24 биле хоспитализирани, а 5 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 02.08.2020, пријавени се вкупно 11.127 случаи на COVID-19 (I=535,6/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Тетово, Куманово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет/100 000 | Леталитет |
Вкупно | 11.127 | 535,6 | 501 | 24,1 | 4,5% |
Скопје | 4915 | 795,8 | 206 | 33,4 | 4,2% |
Куманово | 1090 | 763,9 | 52 | 36,4 | 4,8% |
Тетово | 1057 | 529,1 | 73 | 36,5 | 6,9% |
Штип | 872 | 1655,5 | 15 | 28,5 | 1,7% |
Гостивар | 487 | 406,6 | 25 | 20,9 | 5,1% |
Струга | 457 | 673,5 | 44 | 64,8 | 9,6% |
Прилеп | 333 | 349,4 | 24 | 25,2 | 7,2% |
Охрид | 276 | 491,9 | 7 | 12,5 | 2,5% |
Свети Николе | 227 | 1106,7 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Велес | 225 | 339,6 | 13 | 19,6 | 5,8% |
Дебар | 206 | 742,2 | 7 | 25,2 | 3,4% |
Кичево | 175 | 306,2 | 9 | 15,7 | 5,1% |
Ресен | 146 | 892,9 | 4 | 24,5 | 2,7% |
Битола | 143 | 140,3 | 6 | 5,9 | 4,2% |
Кочани | 105 | 218,9 | 4 | 8,3 | 3,8% |
Кавадарци | 73 | 169,6 | 1 | 2,3 | 1,4% |
Пробиштип | 53 | 346,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Струмица | 37 | 39,1 | 3 | 3,2 | 8,1% |
Македонски Брод | 35 | 312,6 | 1 | 8,9 | 2,9% |
Демир Хисар | 34 | 405,9 | 1 | 11,9 | 2,9% |
Радовиш | 29 | 88,9 | 1 | 3,1 | 3,4% |
Неготино* | 27 | 115,0 | 1 | 4,3 | 3,7% |
Крива Паланка | 25 | 104,5 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Гевгелија** | 23 | 66,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Виница | 22 | 113,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крушево | 16 | 167,9 | 2 | 21,0 | 12,5% |
Кратово | 14 | 146,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Берово | 8 | 61,5 | 1 | 7,7 | 12,5% |
Пехчево | 6 | 120,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Валандово | 6 | 50,6 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Делчево*** | 5 | 20,8 | 1 | 4,2 | 20,0% |
*10 лица се од Демир Капија **7 лица се од Дојран, 3 од Богданци ***4 случаи се од Македонска Каменица
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (1.655,5/100.000), Свети Николе со 1.106,7 на 100.000 жители, Ресен (892,9/100.000), Скопје (795,8/100.000), Куманово (763,9/100.000), Дебар (742,2/100.000), Струга (673,5/100.000) и Тетово (529,1/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Охрид, Гостивар, Демир Хисар, Прилеп, Пробиштип, Велес, Македонски Брод и Кичево (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 5.549 машки и 5.578 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 535,4/100.000, додека кај женските 540,2/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.457 (22,1%) со инциденца од 641,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 773,2/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.150 заболени). Најниска инциденца од 185,7 и 193,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 425 и 485 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=11.127)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=11.127)
Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.074) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=11.127)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), 20,8% (n=2.285) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клинички болници Битола и Штип, ИБЗД Козле, Општи болници Прилеп, Куманово, Струмица, Велес), моментално се хоспитализирани 338 лица, а од нив 109 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,0%), малаксаност (41,1%), кашлица (40,2%), болка во грло (14,8%), главоболка (14,5%), треска (12,8%), отежнато дишење (11,3%) и ослабен осет за мирис и/или вкус (10,1%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), кај 2.979 или 27,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.775 или 59,6% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), пријавен е 101 (0,9%) случај кај бремени жени, од кои 25 биле хоспитализирани во текот на болеста. Четириесет и седум од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), кај 3.324 (30,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.307 лица имаат кардиоваскуларна болест, 938 дијабет, 468 се со хронична белодробна болест и 600 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.339 (58,7%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), регистрирани се 718 (6,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистриран е 501 смртен случај (Лт = 4,5%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=367) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 95,8/100.000 жители. Регистрирани се 319 смртни случаи кај лица од машки и 182 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 404 (80,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=306), дијабет (n=142) и белодробна болест (n=74). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и четири смртни случаи кај здравствени работници. Дваесет и седум (5,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 474 (94,6%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 4. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=501)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=11.005; 98,9%), 226 (2,1%) се импортирани, од нив 8 лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 01.08.2020. Вкупно 5.019 лица (45,6%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 02.08.2020 тестирани се вкупно 106.047 материјали (детектирани 11.127 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 51.251 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=106.047)*
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 106.047 | 11.127 | 4.982 | 24 | 101.065 | 11.103 |
ИЈЗ – Вирусологија | 52.521 | 6.259 | 3.226 | 22 | 49.295 | 6.237 |
ЦЈЗ Скопје | 1.357 | 182 | 0 | 0 | 1357 | 182 |
Авицена | 7.440 | 874 | 0 | 0 | 7.440 | 874 |
Биотек | 8.466 | 476 | 0 | 0 | 8466 | 476 |
Жан Митрев Клиника | 14.199 | 1.070 | 0 | 0 | 14.199 | 1.070 |
Систина | 9.452 | 538 | 0 | 0 | 9.452 | 538 |
Лаор | 124 | 25 | 0 | 0 | 124 | 25 |
МАНУ | 9.013 | 1.310 | 1.756 | 2 | 7.257 | 1.308 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
Судска медицина | 306 | 7 | 0 | 0 | 306 | 7 |
ЦЈЗ Битола | 1.620 | 245 | 0 | 0 | 1.620 | 245 |
КИБФС | 485 | 43 | 0 | 0 | 485 | 43 |
ГАК | 303 | 11 | 0 | 0 | 303 | 11 |
*6 лица се лабораториски потврдени во странство
Според исходот од заболувањето, 3.646 лица (32,8%) се активни случаи, 6.980 случаи (62,7%) се водат како оздравени (570 од нив се здравствени работници и 68 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 1.164 (16,7%) биле хоспитализирани додека останатите 5.816 (83,3%) биле на домашно лекување.
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=11.127)
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=11.127)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 1.354 | 3.355 | 206 | 4.915 |
Куманово | 269 | 769 | 52 | 1.090 |
Тетово | 220 | 764 | 73 | 1.057 |
Штип | 430 | 427 | 15 | 872 |
Гостивар | 281 | 181 | 25 | 487 |
Струга | 203 | 210 | 44 | 457 |
Прилеп | 53 | 256 | 24 | 333 |
Охрид | 87 | 182 | 7 | 276 |
Свети Николе | 151 | 76 | 227 | |
Велес | 21 | 191 | 13 | 225 |
Дебар | 117 | 82 | 7 | 206 |
Кичево | 108 | 58 | 9 | 175 |
Ресен | 26 | 116 | 4 | 146 |
Битола | 63 | 74 | 6 | 143 |
Кочани | 24 | 77 | 4 | 105 |
Кавадарци | 53 | 19 | 1 | 73 |
Пробиштип | 19 | 34 | 53 | |
Струмица | 21 | 13 | 3 | 37 |
Македонски Брод | 30 | 4 | 1 | 35 |
Демир Хисар | 27 | 6 | 1 | 34 |
Радовиш | 16 | 12 | 1 | 29 |
Крива Паланка | 11 | 14 | 25 | |
Виница | 18 | 4 | 22 | |
Неготино | 7 | 9 | 1 | 17 |
Крушево | 9 | 5 | 2 | 16 |
Кратово | 8 | 6 | 14 | |
Гевгелија | 4 | 9 | 13 | |
Демир Капија | 10 | 10 | ||
Берово | 4 | 3 | 1 | 8 |
Дојран | 7 | 7 | ||
Пехчево | 6 | 6 | ||
Валандово | 6 | 6 | ||
Македонска Каменица | 4 | 4 | ||
Богданци | 1 | 2 | 3 | |
Делчево | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 3.646 | 6.980 | 501 | 11.127 |
На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.
Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Гостивар, Куманово и Штип (n=2.334)
Град/ општина | Активни случаи | Град/ општина | Активни случаи |
Скопје | 1.354 | Куманово | 269 |
Чаир | 167 | Куманово | 244 |
Аеродром | 155 | Липково | 24 |
Кисела Вода | 148 | Старо Нагоричане | 1 |
Гази Баба | 137 | Штип | 430 |
Карпош | 117 | Штип | 423 |
Центар | 115 | Карбинци | 7 |
Шуто Оризари | 114 | ||
Ѓорче Петров | 98 | ||
Бутел | 85 | ||
Сарај | 63 | ||
Студеничани | 46 | ||
Арачиново | 24 | ||
Илинден | 23 | ||
Сопиште | 21 | ||
Петровец | 16 | ||
Зелениково | 8 | ||
Чучер Сандево | 8 | ||
странец | 6 | ||
непознато | 3 | ||
Гостивар | 281 | ||
Гостивар | 257 | ||
Врапчиште | 23 | ||
Маврово – Ростуше | 1 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје, Штип, Гостивар и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Македонски Брод, Демир Хисар, Кичево, Виница и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 26.07.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 17.660.523
Број на смртни случаи на глобално ниво – 680.894
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 9.476.763
- Смртни случаи – 359.180
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 3.375.535
- Смртни случаи – 21284
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 2.131.165
- Смртни случаи – 45.837
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 1.554.065
- Смртни случаи – 40.386
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 802.792
- Смртни случаи –13.779
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 319.462
- Смртни случаи – 8.415
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 03.08.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје