Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 15 мај, како меѓународен ден на семејствата. Одбележување на овој ден ја нагласува важноста на семејството како основна единица во општеството, но и загриженоста за состојбата на семејствата низ целиот свет.
Иако семејствата низ целиот свет се трансформираа во текот на изминатите децении во однос на нивната структура и како резултат на глобалните трендови и демографските промени, Обединетите нации сè уште го препознаваат семејството како основна општествена единица. Меѓународниот ден на семејствата дава можност да се промовира свеста за прашањата поврзани со семејствата и да се зголемат знаењето за социјалните, економските и демографските процеси што ги засегаат. Тоа инспирираше серија настани за подигнување на свеста, вклучувајќи го и одбележувањето на националниот ден на семејството. Во многу земји, овој ден е можност да се нагласат разликите, приоритетите и интересите на семејствата. Активности во одбележување на денот на семејствата, вклучуваат работилници, конференции, радио и телевизиски програми, новински статии и културни програми кои ги истакнуваат релевантните теми.
Тема за одбележување на Денот на семејството во 2019 година е “Семејствата и климатските промени, со фокус на семејствата, семејните политики и главните цели на 13 Цел за одржлив развој, со акцент на:
13.3: Подобрување на образованието, свеста и човечкиот и институционалниот капацитет за ублажување, прилагодување, намалување на влијанието и рано предупредување во врска со климатските промени и
13.2: Интегрирање мерки за климатските промени во националните политики, стратегии и планови.
Целта на обележувањето на Светскиот ден на семејството е токму афирмацијата на семејството и семејните вредности, поттикнување на рамноправноста помеѓу половите во семејството, заштита на семејството како основна единица во општеството и помош во одговорно однесување кон заедницата.
За да се развие здраво општество потребно е да се развие и да се зајакне здравиот однос во семејството.
Сектор за промоција, анализа и следење на незаразни болести