Меѓународниот против злоупотреба на дрога и недозволена трговија или Светски ден на дрогата, се одбележува секоја година на 26 јуни со цел да се зајакне акцијата и соработката за постигнување свет без злоупотреба на дрога.
И секоја година, поединци, цели заедници и разни организации ширум светот се придружуваат за да го одбележат Светскиот ден на дрогата за да помогнат да се подигне свеста за главниот проблем што недозволените дроги му го претставуваат на општеството.
Овогодинешното мото е:
“Решавање на предизвиците со дрогата во здравствените и хуманитарните кризи”.
Во 2022 година, светот продолжува да биде сведок на широко проширени хуманитарни кризи во Авганистан, Украина и на други места, додека пандемијата Ковид-19 сè уште е голема глобална здравствена криза. Кризата со синтетички дроги бара и пргави и прилагодливи решенија. Сè поголемото чувство за глобална заедница и солидарност продолжува да се појавува, како и потребата да се грижиме за сите во време на кризи. Со кампањата „#CareInCrises“, или “Грижа во кризи” помогни ни да го направиме Светскиот ден на дрогата пресвртна точка во глобалните напори за справување со предизвиците со дрогата. Заедно, можеме да се справиме со светскиот проблем со дрогата! [1]
Во време на КОВИД-19 пандемија, Институтот за јавно здравје со поддршка на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги од Лисабон, спроведе веб-истражување со цел да се соберат информации од лицата кои употребуваат дроги за видовите на дроги што ги користат. Според ова истражување, во однос на преваленцата од употреба на дрога во последните 12 месеци – 90% одговориле дека користеле канабис во последните 12 месеци.Слично како канабисот, употребата на алкохол и тутун се високо на листата, со 92% употреба на алкохол и 87% употреба на тутун, меѓу корисниците на дрога. Голем е бројот корисници на дрога кои изјавија дека најчесто место за употреба на дрога во последните 12 месеци бил домот, а од друга страна, клубовите/баровите, музичките фестивали и забави се пријавени како места каде што помалку се користела дрога [2].
Во нашата држава постојат програми за превенција од зависности кои придонесуваат за намалување на здравствените, социјалните и економските последици од употребата на дрога на индивидуално, локално и ниво на заедницата преку спроведување на збир на активности кои вклучуваат: споделување стерилна опрема за инјектирање, едукација и советување, ХИВ/СИДА тестирање, како и услуги од различни видови професионалци – теренски работници, медицински персонал, социјални работници, психолози и адвокати. [3]
Продолжуваме да се залагаме за заштита на правото на здравје за најранливите, вклучувајќи ги децата и младите, луѓе кои користат дроги, луѓе со заболувања од употребата на дроги и луѓе на кои им треба пристап до лекови. Активностите треба да се насочат во целосна и континуирана борба против недозволената трговија со дроги со цел да се намали нивната лесна достапност до луѓето, особено децата и младите.
Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести